Македонецот Марјан Атанасов синоќа испиша историја, носејќи го олимпискиот факел при неговото свечено пристигнување во Пјаченца, Италија, информира агенцијата за иселеништво. Носењето на олимпискиот факел не е само протоколарна улога, туку висока чест што ѝ се доделува на поединци, препознаени по својата посветеност и општествен ангажман. За Марјан Атанасов, овој момент беше симбол на доверба и одговорност, но и лична и колективна победа. Тој ...

Милано, 28 јануари 2026 (МИА) - Претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ќе учествува на отворањето на Олимпијадата Милано-Кортина 2026 како официјален носител на факелот. - Страста, извонредноста и спортот се обединуваат, стои на профилот на социјалните мрежи на Олимписките и Параолимписките Зимски игри. Штафетата на Олимпискиот факел во 2026 година започна на 26 ноември 2025 година во Олимпија, Грција. Етапата во ...