Утрово 100 војници на армијата и 30 припадници на полиција се приклучуваат во гасењето на пожарите и најави и следување на аеродром на авион „Херкулес“ од Романија кој што носи т.н водни бомби со повеќе од пет тона, заедно со него ќе слета уште еден авион кој што е логистика. На територијата на државата има уште неколку сериозни и како што вели опасни пожари каде исто таа ќе биде потребна воздушна интервенција, а тоа се пожарите во општините ...
„Кон пожарот на планината Серта, во неготинскиот дел, кај село Калањево испраќаме четири хеликоптери, од кои два наши армиски хеликоптери, еден полициски, а нив ќе им се придружи и еден црногорски хеликоптер. На територија на општина Гевгелија, над село Негорци испраќаме два словенечки хеликоптери, на територија на општина Ново Село, на планината Огражден, на самата бугарска граница испраќаме еден голем турски хеликоптер, како и еден голем ...