Опфатот со вакцинација во регионот на Гостивар од минатата година бележи пораст, но загрижувачки е што се намалува бројот на новородени деца. Ова го посочија од службата за вакцинација во Здравствениот дом Гостивар, која ја одбележува Европската недела на имунизација. Медицинските лица велат дека се задоволни од интересот на родителите за вакцините од редовниот календар и од одзивот за имунизација, но истовремено алармираат за трендот на сѐ ...

Здравствените работници оценуваат дека опфатот со вакцинација во Гостиварско има пораст и интересот на родителите за вакцинирање на децата е зголемен. Во Здравствен дом и службата за вакцинација, се води евиденција за опфатот со вакцинација и податоците кои ги споделија по повод „Европската недела на имунизација“: со ДПТ процентот е 92 додека со МРП вакцина опфатот изнесува 89 проценти. Тоа, споредно со претходните години е показател дека има ...