Големиот шумски пожар во регионот Жиронда во Франција нема да биде прогласен за изгаснат со недели, а можеби и со месеци, предупредија француските пожарникари. Потполковник Давид Анотел од Националната федерација на француски пожарникари изјави за телевизијата RTL дека пожарот, кој гори во областа во близина на Саумос од 22 јули, ќе бара долгорочна интервенција пред целосно да се стави под контрола. „Пожарот ќе трае многу недели, веројатно ...
Справувањето со големиот шумски пожар во југозападна Франција наликува на борбата меѓу „Давид и Голијат“, рече портпаролот на Противпожарната служба. Пожарот во регионот Жиронд се наоѓа на само 14 километри од периферијата на Бордо, но надлежните велат дека градот засега не е загрозен. Пожарникарите западно од Бордо имале релативно мирна ноќ, при што пожарот е стабилизиран, но сè уште не е ставен под контрола. Тој рече дека Франција се ...
Франција и Шпанија продолжуваат да се борат со огнената стихија, или „огнена бура“ како што е наречена, кој веќе проголта илјадници хектари и принуди повеќе од 300.000 луѓе да се евакуираат. „Пожарот е независен, „живее свој живот“ и се шири во сите правци. Тешко е да се контролира“, рече Лоран Нуњез, француски министер за внатрешни работи, опишувајќи ги шумските пожари на југозападот од земјата. Пожарите стигнаа до периферијата на Бордо, ...
Големиот шумски пожар во регионот Жиронд, во југозападна Франција, е ставен под контрола, но сѐ уште не е целосно изгаснат. Пожарникарите во текот на ноќта успеале да ги локализираат новите жаришта. Француските власти предупредуваат дека повисоките температури, намалената влажност и засилениот ветер можат повторно да го разгорат пожарот. Командантот на пожарникарите Матје Жомен изјави дека состојбата е смирена, но дека на теренот има бројни ...

