Владимир Путин нареди вежби на стратешките нуклеарни сили на земјата, кои вклучуваат лансирање проектили, откако беше откажана неговата средба со Доналд Трамп во Будимпешта. Кремљ соопшти дека вежбите ги опфаќаат сите делови од нуклеарната тријада на Москва, па од полигонот во Плесецк во северозападна Русија била лансирана интерконтинентална балистичка ракета „јарс“, а од подморница во Баренцовото Море била испукана интерконтинентална балистичка ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес повика на продолжување на „дијалогот“ откако неговиот американски колега Доналд Трамп ја одложи закажаната средба во Будимпешта. „Дијалогот е секогаш подобар од конфронтација, спорови, па дури и повеќе од војна“, рече Путин, според руските новински агенции. Путин се закани со „многу силен“ одговор во случај на напад врз руска територија од американски ракети „Томахавк“, што Украина го бара од Вашингтон. ...