Четири жени убил, а уште две се обидел да ги убие. До сега кумановското обвинителство има докази за четири убиства и два обиди за убиство за серискиот убиец од Старо Нагоричане. 25 годишниот Трајко Бојковски е пресметлив и може да одговара за се што сторил утврдило и психијатриското вештачење. Според обвинителството мотив на серискиот убиец му била омразата кон жените, а делата ги извршувал подмолно со ниски побуди и користољубие. Добро го ...
Се проширува истрагата за серискиот убиец од Старо Нагоричане. 25 годишникот кој е во притвор осомничен е за уште две убиства на жени и два обиди за убиства. Со тоа, се товари за вкупно 6 кривични дела. На денешниот брифинг со новинарите од обвинителството кажаа дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид. Сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Љубомир Лапе, обвинител: По добиени нови докази ...

