Во Зрновци е пронајдено мртво женско лице. Телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта и да се провери дали станува збор за семејно насилство и силување. На местото на настанот моментално се присутни службени лица од Полициската станица Кочани, кои вршат првични истражни дејствија. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент ...

Обдукцијата треба да помогне да се утврдат причините за смртта, но и временската рамка во која таа настапила Телото на жената кое беше пронајдено во фаза на распаѓање, во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана. Безживотно тело на ...

Во Зрновци е регистриран грозоморен настан, во кој наводно е силувана и убиена жена, објави телевизија Кочани повикувајќи се на неофицијални информации. Според медиумот, на местото на настанот се полицајци од Кочани, кои ги вршат првичните истражни дејствија. Од Обвинителството за „Фокус“ потврдија дека има случај со пронајдено женско тело, но за другите информации кои се објавени, велат дека засега се шпекулации. „Јавен обвинител од ...

До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање. Жителите на општината за ТВ 24 вознемирено сведочат како било откриено телото. Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Неофицијално – не е исклучена можноста од насилна смрт. Телото веднаш е предадено на обдукција. До доцна вечерва ...