Управните одбори во институциите од државната управа, како агенциите и фондовите, ќе се намалуваат на три члена, кои треба да бидат бирани на оглас и јасно утврдени критериуми, а не назначувани од владата. Ова го предвидува предло-законот за висока раководна служба, кој како што најавуваат од Министерството за јавна администрација би требало да биде објавен на ЕНЕР до 31 декември. Законот инаку е дел од пакетот закони и подзаконски акти кој ...
Белгиската Влада подготвува закон со кој во иднина јавните претпријатија во Белгија ќе бидат должни во своите управни одбори да имаат најмалку една третина жени. Ваквиот закон се предлага во рамки на напорите за усогласување на белгиското законодавство со европската директива „Жени во одборот“, која има за цел зголемување на бројот на жените на раководни позиции во компаниите во ЕУ. Оваа директива, која датира од 2022 година, предвидува една ...

