Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а интересот за оваа средба е исклучително голем. Според информациите од тамошниот фудбалски сојуз, веќе се продадени околу 22.000 билети за дуелот што ќе се одигра на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Иако капацитетот на стадионот изнесува околу 34.000 места, претходно беше најавено дека нема да биде исполнет до последно место ...
Нормална е појавата да има побарувачка за билети кога станува збор за натпреварувачки натпревари, но не е честа појава билетите за пријателски натпревар да се продаваат со брзина на светлината. ФС БиХ пред неколку дена ја информираше јавноста дека веќе се продадени 22.000 билети за пријателскиот натпревар помеѓу БиХ и Македонија. Капацитетот на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ е намален на 30.077 седишта за овој натпревар од безбедносни ...

