Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на централната церемонија по повод 18 Август – Денот на АРМ, истакна дека во последните десет години како никогаш досега се вложува во модернизацијата на Армијата, како и во обука и опремувањето на нејзините припадници. -Времињата се менуват, заканите се менуваат, технологијата напредува, но нашата должност останува иста – да бидеме подготвени, одлучни и посветени секогаш да ...
Модернизацијата на Армијата се реализира според планираната динамика, веќе се испорачани оклопните возила ЏЛТВ и „Страјкер“, артилериските системи „Боран“, најголем дел од системите за противвоздушна одбрана „Мистрал 3“, а до крајот на годината се очекуваат и првите два нови хеликоптери, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Министерот најави и ново законско решение за ...

