3010 Рома – Комо (20.45 часот) Овие два тима од горниот дел на табелата во Серија А загубија во минатото коло, а особено е непријатна ситуацијата кај Волчицата, која беше и лидер, но врза два порази по ред. Комо е пријатно изненадување, има само два порази сезонава, а ова му е второ тешко гостување по ред откако во минатото коло беа прегазени од Интер со 0-4. Ова се двата тима кои имаат најмалку примено голови во лигата. Рома прими само 8 гола ...

Екипите на Манчестер Јунајтед и Борнмут го затворија колото со стил, со најдобриот натпревар во актуелната рунда кој понуди осум гола и заврши без победник (4-4) на култниот стадион „Олд Трафорд“ во Манчестер. Мечот изобилуваше со атрактивни моменти, голови и пресврти, а на крајот ремито е реален исход ако се земат сите случувања на теренот и ако се сумираат. Манчестер Јунајтед на Аморим уште еднаш покажа дека не може да најде константна форма, ...