Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 28-годишен маж, осомничен за обид за убиство на својата баба, при вршење семејно насилство во домот каде заедно живееле. Делото е квалификувано како „Убиство во обид“. Според обвинителството, на 17 јануари осомничениот ја блокирал влезната врата од куќата на улицата „Лавчанска корија“, по што со раце ја удирал жртвата по главата и телото сè додека не паднала во бессознание. ...
Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба, ...

