Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар“, но оти таму требало да биде и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Време според неа лидерите да седнат и да креираат решенија за Изборниот законик, но не на крајот на ...

Неучеството на Филипче претседателката Сиљановска го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“. – Подобро е да седнете некого, да чуете, подобро е да ги чуете и другите па да дадете изјава, наведе претседателката. Прашана за став дали е за укинување на техничката Влада рече дека „имаме препартиска изборна влада во која седат најоданите партиски луѓе, која и покрај тоа што функционира нема уставен основ“. Неучеството на ...

Претседателката на Македонија вечерва во гостување на Сител ТВ се осврна на темите од лидерската средба. Оцени дека техничката влада што функционира пред изборите во државава за која се разговараше на лидерската средба е препартиска и нема уставен основ. Смета дека не е добро сега да има предвремени парламентарни избори бидејќи според неа имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и оти е добро да се завршат некои од нив. – Како ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема промени во односите со САД и покрај одлуката за привремено ставање на пауза на постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија. – Се разбира дека нема. Тоа е американска национална политика и веројатно САД не изолираа 75 земји, рече вечерва Сиљановска Давкова, во гостување на ТВ Сител. За мене, дополни таа, тоа беше очекувана мерка заради рестриктивната ...