Во станбена зграда на улицата Енгелсова, во штипската населба 8 Ноември, се појави сериозен ризик за стабилноста на објектот, откако беа оштетени три носечки столбови со дупчење за поставување клима уреди. Наместо соодветна интервенција, дупките биле едноставно замачкани со малтер – решение кое експертите го сметаат за козметичко и небезбедно. На фотографиите објавени од загрижени граѓани, се гледа арматурата на столбовите, изложена на воздух ...

Станари во Штип загрижени за сопствените животи поради дупчење на носечките столбови од зграда Вознемиреност меѓу жителите на станбена зграда во штипската населба „8-ми Ноември“, откако еден од кираџиите направил дупки во носечките столбови од објектот, при поставување на надворешна единица од клима уред. Станарите велат дека со ваквиот чекор е загрозена статичката стабилност на зградата, а потенцијалните последици може да бидат сериозни. ...