Дербито помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 заврши во корист на домашниот тим, кој славеше со 26-24 и воедно испиша историја, бидејќи за првпат слави против вардарци. Ова беше натпревар од осмото коло во плеј-офот од машкиот ракометен национален шампионат. Пилиповиќ имаше 11 одбрани, Јасухира и Иванковиќ постигнаа по 6 погодоци, на другата страна Да Силва имаше пет гола. Во првото полувреме дуелот беше поделен, на стартот водеше охридскиот тим, а ...
Охрид, 9. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на ГРК „Охрид“ стигнаа до вредна победа во осмото коло од Плејофот во Суперлигата против шампионот „Вардар“. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, на домашен терен, го совлада новиот шампион во Суперлигата, „Вардар“ со резултат 26-24. Со денешните бодови, екипата на ГРК „Охрид“ останува втора на табелата, пред ракометарите на „Пелистер“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Ракометарите на Охрид забележаа победа над Вардар 1961 со 26:24 за прв триумф над „црвено-црните“ во својата клупска историја. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на второто место на табелата. Ова беше натпревар од 8. коло во плејофот. На вториот саботен натпревар од ова коло, Алкалоид на гости го победи Тиквеш со 30:23. Вардар е прв со 56 бода, Охрид има 50, Еурофарм Пелистер трет со 48, Алкалоид има 42, Бутел и Тиквеш собраа по 24. ...

