Денеска во осминафиналниот меч на Австралија опен во женска конкуренција, втората носителка на турнирот Ига Швјонтек со 2:0 во сетови 6:0 и 6:3 триумфираше над Медисон Инглис. Во борба за полуфинале полската тенисерка Швјонтек ќе се соочи со Елена Рибакина од Казахстан која со 6:1 и 6:3 ја елиминираше Елизе Мертенс од Белгија. Австралија опен е единствениот грен слем кој го нема освоено досега Швјонтек во нејзината кариера. Има четири титули ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако Италијанецот Лоренцо Мусети се откажа поради повреда. Италијанецот водеше со 2-0 во сетови, но беше принуден да се повлече. Ѓоковиќ беше далеку од оптимална состојба, но успеа да се пласира меѓу првите четири на турнирот, и покрај тоа што не беше во својата најдобра форма. Мусети доминираше во првите два сета, играјќи еден од најдобрите мечови во својот ...
Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд по победи на Австралија опен. Триесет и осумгодишниот Србин (четврти носител) ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер. Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето откако неговиот противник, Италијанецот Лоренцо Мусети (петти носител), се откажа поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во ...

