Охрид, 27. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и на „Ѓавато“, кој во моментов не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез ...

Граѓани информираат за големи одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. „Внимателно. Беа зафатени двете коловозни ленти. Со помош на неколку возачи затекнати на лице место отстранивме дел од камењата за да може да се одвива сообраќајот по една коловозна лента. Се замолуваат службите за побрзо расчистување на карпите.“, стои во објавата на социјалните мрежи. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива ...