Владата одвои 660 илјади евра за гаснењето на стотици пожари летово. Дел од парите се наменети за исплата на дневници за припадниците на доброволни друштва, но никој не открива колку точно ќе изнесуваат. Пожарникарите кои учествуваа во справување во пожарите ќе си добијат само плата без никакви бонуси. И покрај натчовечките напори и меѓународната помош преку механизмот на Европската Унија (ЕУ) во справување со пожарите во Северна Македонија, ...
Владата на 13 август обезбеди 52 милиони денари, или 840 илјади евра, за гаснење на пожарите кои летово ја зафатија државата. Најголем дел од парите, или околу 660 илјади евра ќе легнат на сметка на Дирекцијата за заштита и спасување за исплата на дневници за припадниците на доброволни друштва,додека пак остатокот од парите е наменет за сместување, храна и транспорт на вработените при престој во близина на опожарените места, како и за сместување ...