Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка, изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас на заедничка прес-конференција со ...

За 84 проценти од младите корупцијата е главната кочница на патот кон ЕУ, а речиси половина не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Според анкетата направена со илјада млади, нефункциналните институции и билатералните спорови дополнително ја поткопуваат европската перспектива на земјата. Корупцијата, билатералните спорови и ниската доверба во институции, според младите во земјава, се топ три пречки за интеграција на Северна Македонија ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година од евроамбасадорот Михалис Рокас. На заедничката прес-конференција, Рокас рече дека во клучните области, судството и борбата против корупцијата, трета година по ред не е забележан значителен напредок. „Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупција, ова останува од суштинско значење да се ...