Калин Ивановски не ја криеше радоста по освојувањето на титулата на Македонија опен во Скопје, која воедно е и најголемиот успех во неговата досегашна кариера на домашно тло. Македонскиот тенисер по победата над Владислав Орлов во финалето (2-1) им се заблагодари на навивачите за големата поддршка, истакнувајќи дека токму домашната публика му била дополнителен мотив да стигне до трофејот. „Многу сум среќен што се вратив на терените после ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во својата кариера, откако триумфираше на Македонија опен во Скопје. Ивановски во големото финале славеше против Владислав Орлов од Украина со 2-1 во сетови, односно 6-1, 0-6 и 6-2, и така за првпат се радуваше на трофејот на турнирот во македонската престолнина. По последниот поен следуваше емотивна прослава на Ивановски, кој со многу радост го прослави најголемиот момент во ...

Со триумфот на турнирот „Македонија опен“ во Скопје, Калин Ивановски потврди дека успешно се враќа во натпреварувачки ритам по долгата пауза предизвикана од повредите. Македонскиот тенисер во финалето го совлада Украинецот Владислав Орлов и стигна до нов трофеј пред домашната публика. По натпреварот, Ивановски не го криеше задоволството што токму во Скопје успеа да стигне до титулата, истакнувајќи дека поддршката од трибините му била ...