Навивачката група „Комити“ испрати јасна порака до фудбалерите по поразот од Шкендија (0-2) во второто коло на ПМФЛ. Самиот неуспех не е спорен, поразите се составен дел од фудбалот, ама навивачите им замеруваат на фудбалерите поради незалагањето и лошиот перформанс. „Комити“ го критикуваа пристапот на играчите на Вардар и нагласија дека на мечот со Шкендија не виделе ништо од она што треба да го краси тимот. „Ние секогаш сме за тимот, а вие ...
Вардар загуби со 0-2 од Шкендија во големото дерби на стартот од новата сезона, а по натпреварот стигна жестока реакција од најверните навивачи. Комити преку својата официјална Facebook-страница објавија порака до фудбалерите и стручниот штаб, во која не го криеја разочарувањето од прикажаното на теренот. „Порази имало и ќе има, а во минатото токму тие моменти не правеле посилни, затоа што јасно се гледала желбата и мотивот за да се победи ...

