На 03.03.2026 околу 22:50 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, сопственост на Љ.М.(58) од Штип. Пожарот зафатил дел од кујната и бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. -Подоцна, во 00:15 часот повторно било пријавено дека настанал пожар во истиот угостителски објект. Овојпат пожарот го зафатил кровот и пак бил изгаснат од екипа на Територијалната ...

Од помал пожар во кујната започнал големиот пожар кој речиси целосно го изгоре кровот на познатиот штипски ресторан Мал Одмор. Од пожарот и интервенцијата на пожарната со големата количина вода, причинета е голема материјална штета и во внатрешноста на објектот. По интервенцијата на штипската противпожарна единица првиот пожар бил локализиран, но час и половина подоцна настанал втор пожар, кој го зафати поголемиот дел од кровот на објектот. ...