Почна карневалот во Венеција. Туристи и жители на градот се собраа на главниот плоштад Свети Марко, многумина облечени во шарени костими. Оваа година карневалот се одржува под мотото „Олимп, назад кон потеклото на игрите“, во чест на Зимските олимписки игри годинава, кои ќе се одржат главно во Милано и Кортина од 6-ти февруари. Карневалот се отвори со улични претстави низ градот. „Овој фустан е рачно изработен од шивачки и сигурно наликува ...

Венеција, 30 јануари 2026 (МИА) - Од 31 јануари до 17 февруари Венеција повторно ќе биде средиште на карневалската магија. Претходните две години темата на светски познатиот карневал беше поврзана со годишнините од раѓањето и смртта на Марко Поло и смртта на Џакомо Казанова, но годинешното издание на познатиот венециски настан ќе му оддаде почит на олимпизмот - со оглед на тоа што оваа година Италија е домаќин на Зимските олимписки игри, кои ...