Сојузот на одгледувачи на овци на денешниот протсет пред Владата побара од надлежните да се организираат и да им овозможат да ги вакцинираат овците против сипаници. Тие велат дека од јуни навака во сите региони во државата има заболени стада и дека има потенцијално 50 жаришта на болеста. Насер Џемаили, претседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен сточар“, изјави дека оваа болест од лани е присутна во соседните држава и дека ова лето ...

Одгледувачите на овци тврдат дека алармирале за потребата од вакцинација на овците уште пред една година кога виделе дека болеста се шири во регионот и дека ќе стигне и кај нас, но дури сега од Министерството за земјоделство им било кажано дека се во преговори за набавка на вакцина од Турција. Првите случаи кај нас беа потврдени во февруари годинава, а за да не се шири болеста, според Сојузот на одгледувачи на овци, досега од надлежните ...

Министерството за земјоделство тври дека од Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. – Пред примената вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе почне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на ...

Сипаниците уништија меѓу 7.000 и 10.000 грла овци. Сточарите се жалат дека се доцни со мерки додека секојдневно се убиваат големи стада овци. Тие денеска од пред Владата побараа надлежните што поскоро да набават соодветна вакцина, со цел да се заштити сточниот фонд бидејќи на таа тема се преговарало повеќе од еден месец. „Досега имаме над 50 жаришта, имаме околу 40-50 уништени стада и околу 40 фамилии останаа без леб, на улица остануваат, ...