Турскиот селектор Виченцо Монтела се обидува да има свеж и здрав тим за Мундијалот и затоа многумина од играчите кои имаа напорна сезона за своите клубови работат под посебен режим. Од супер ѕвездите на Турција се чини дека само Арда Ѓулер од Реал Мадрид ја има потребната свежина и форма со оглед на тоа дека Кенан Јилдиз од Јувентус, Керем Актуркоглу (Фенербахче) и Хакам Чалханоглу од Интер имаат посебен режим и тренираат одделно од екипата. ...

Турција треба да ја има во составот својата веројатно најголема ѕвезда кога в понеделник во Истанбул ќе се сретна со фудбалската репрезентација на Македонија. Арда Ѓулер (21), младиот ас на Реал Мадрид, според најавите во турските медиуми, треба да е во составот на Турција предводен од клупата од Италијанецот Винченцо Монтела. Напаѓачот беше околу еден месец на пауза поради повреда, а наводно Монтела изјавил дека тој е целосно закрепнат и ...