На едно четиричлено семејство во Македонија во јули му се потребни 68.498 денари само за да ги покрие основните месечни потреби, покажува новата пресметка на синдикалната минимална кошница. Доколку семејството нема сопствен дом и плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, потребниот износ се зголемува на 83.873 денари. Кошницата во јули е пониска за само 156 денари во споредба со јуни. Намалувањето е статистички регистрирано, но практично ...

Синдикалната минимална кошница за месец јули изнесува 68.498 денари или над 1.100 евра, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со истиот месец лани, месечните трошоци за четиричлено семејство пораснале за 50 евра. Најголем дел од месечните трошоци одат за храна и пијалоци, за што на домаќинството му се потребни над 25.000 денари. Овие пресметки за синдикална минимална кошница се однесуваат за ...