Според една нова студија, објавена деновиве во Nature Ecology & Evolution, дивите африкански слонови од саваните, поточно видот Loxodonta africana, сосема извесно разговараат меѓу себе обраќајќи си се едни кон други исто како што тоа го прават луѓето – користејќи лични „имиња“. Употребувајќи машинско учење истражувачите анализирале снимки од 469 повици, „трубења“ артикулирани од групи женки со младенчиња во Националниот парк Амбосели и ...
Употребувајќи машинско учење истражувачите анализирале снимки од 469 повици, „трубења“ артикулирани од групи женки со младенчиња во Националниот парк Амбосели и Националните резервати Самбуру и Бафало Спрингс во Кенија, а снимени во периодот од 1986 до 2022 година. Исто така, истражувачите преку звучник ги пуштале снимените повици кон слоновите и го мереле времето потребно за субјектот да пристапи, споредувајќи го тајмингот со контролен повик ...