Под мотото Променете го крајот на нечија приказна вчера беше одбележан Меѓународниот ден на органодонорство Европскиот ден на органодонорството, 7 октомври, се одбележува со цел да се подигне свеста за значењето на органодарувањето и поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во овој благороден процес. Во земјава во изминатите четири години трансплантацијата од починат донор се развива со засилено темпо. За прв пат во историјата на ...

Церера е првиот воопшто откриен астероид. Во 1801 година бил забележан од италијанскиот астроном Џузепе Пјаци. Но, Церера е всушност единствената џуџеста планета во внатрешниот Сончев систем и најголем објект во главниот астероиден појас сместен помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Научниците претходно тврдеа дека видливите кратери на површината на Церера значат дека џуџестата планета нема голема прекривка со мраз – помалку од 30%. Новото ...

Втората генерација на Старлинк сателитите испушта непланирано радиозрачење кое е и до 30 пати повисоко од порано, и ги попречува (радио) астрономските набљудувања. Ова го потврдија астрономите користејќи го радиотелескопот LOFAR кој работи на ниски фреквенции и е управуван од страна на институтот за радиоастрономија, ASTRON, во Холандија. Телескопот започна набљудувачка програма за следење на непланирано зрачење од овие сателити со цел да се ...

Научниците изработија запис од генетскиот план на човештвото во речиси неуништлив 5D мемориски кристал – нов формат за складирање податоци што може да ги сочува вредните информации безбедни во текот на милијарди години, потенцијално дури и до крајот на универзумот. Истражувачите веруваат дека временската ДНК капсула би можела да биде искористена за оживување на нашиот вид долго откако тој ќе изумре. Но, сите не се согласуваат со тоа. Кристалот ...

Рака на срце, кога станува збор за кометите, никогаш не можеме да бидеме 100% сигурни дека ќе бидат видливи со голо око. Сепак, астрономите полагаат големи надежи за кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) која би требало да биде видлива непосредно пред зори, во текот на четири последователни утра во следните неколку дена. Кон средината на октомври може да уследат и дополнителни прозорци на видливост со голо око на ноќното небо Кометата за првпат ...

Јадранското Море е дом на илјадници различни морски видови, вклучително и многу кои ги нема никаде на друго место. Новите палеонтолошки истражувања покажуваат дека до средината на 20 век, Јадранското Море имало жив и здрав екосистем пред работите ненадејно да се променат... Анализата објавена во Proceedings of the Royal Society B покажува дека во 19 век и раните децении од 20 век трендот бил позитивен за морскиот живот во Јадранското Море. На ...

Еден астероид полека се приближува кон Земјата. Но, место за паника нема – астероидот нема да удри во нас. Наместо тоа, Земјата ќе добие привремен минијатурен придружник, кој по 2 месеци ќе продолжи понатаму на својот пат низ вселената. Астероидот 2024 PT5 има пречник од околу 11 m, отприлика со големина на еден автобус. Телото беше откриено на 7 август од телескопот ATLAS (Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System), лоциран во Јужна Африка. ...

Астрономите откриле нешто прилично извонредно од длабочините на вселената – тие детектираа моќна серија радиобранови. Она поради што оваа емисија “отскокнува” од вообичаеното е тоа што овие радиобранови патуваат низ вселената цели 8 милијарди години! Оттаму експертите сметаат дека оваа емисија би можела да помогне за подобро да ја разбереме една од најголемите мистерии на универзумот... Сигналот, познат како FRB 20220610A, се состои од сјајни ...

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) постојано ги следи најновите трендови за дијагностика и третман на животните, па во таа насока по повод Деновите на ветеринарна медицина 2024, ги поканува докторите по ветеринарна медицина да се пријават и да земат директно учество на интерактивната и на практичната работилница за „Ултразвучна дијагностика на абдомен и ехокардиографија во мала пракса“ предводена од еминентниот хрватски ...

Завршена и тестирана е новата комбинирана примопредавателна антена за 2,4 GHz / 10 GHz за работа преку сателитот Es'Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита, на 35.786 km над екваторот. За работа преку овој сателит прв пат беше објавено во „Емитер“ во написот "Прва македонска радиоаматерска станица опремена за работа преку сателит", а таму може да се види и старата антена. Направено е подобрување во делот на фидот - илуминаторот, кој ...

Секој ден со нов пробив на полето на батериите. Јапонските истражувачи од Националниот универзитет од Јокохама откриле ветувачка технологија за батерии со литиум манган оксид. Нивниот пристап користи манган во електродата за да создаде батерија со висока енергетска густина која е истовремено исплатлива и одржлива. Батеријата достигнува неверојатни 820 ват-часови по килограм густина на енергија без намалување на напонот, надминувајќи ги ...

Еден нов вид 3Д печатено лепило би можело да го промени начинот на кој ги спојуваме материјалите. Досега, научниците развија два нови метода кои можат да создадат екстремно силни врски на ниво на пора, елиминирајќи ја потребата од дополнителни лепила при процесот на сврзување. Лепилата и останатите индустриски адезиви се мошне моќни кога станува збор за прицврстување на нештата заедно, но тие не се баш добри за животната средина. Всушност, за ...

Истражувањето на Кајперовиот појас што го реализира мисијата Нови Хоризонти (New Horizons) на НАСА откри популација на објекти во надворешниот Сончев систем што укажува на тоа дека Сончевиот систем формирал од многу поголем протоѕвезден диск отколку што тоа првично се мислеше. За потсетување, Кајперовиот појас е регион што се простира понатаму од Нептун и е дом на прастари остатоци од планетарен материјал. Појасот за првпат е откриен во ...

Градот Амстердам им забрани на своите вработени да ја користат апликацијата Телеграм (Telegram) на нивните службени телефони поради потенцијална криминална активност на апликацијата и ризик од шпионажа, изјавил портпаролот на општината за БНР. Управата на Градот ја усвоила забраната кон крајот на април, но јавно не зборуваше за тоа. Портпаролот на ИТ секторот на град Амстердам изјавил дека Телеграм претставува „безбедно засолниште за хакери, ...

Голем број истакнати новинарски куќи и социјални мрежи како што се Њујорк Тајмс, Вајрд и Инстаграм одбија Apple да спроведува обука на сопствените модели со вештачка интелигенција со нивните податоци. Ова се случува три месеца откако Apple ја претстави алатката наменета за издавачи којашто овозможува тие да се откажат од обуката на вештачката интелигенција. За системите со вештачка интелигенција да функционираат, тие треба да бидат обучени со ...

Драматични температирни промени и промени во врнежите доаѓаат за 70% од светската популација во следните 20 години. Промените се должат на високите емисии на стакленички гасови. Вака вели истражувањето чиишто резултати се објавени во Nature Geoscience. Истражувањето вели и дека драматичното намалување на емисиите би ја намалило оваа бројка на 20%. Со цел да ја испитаат брзината на метео промените што треба да ја очекуваме во наредните две ...

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, група студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку дена беше претставен на натпреварот „Алпе Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, ...

Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој оваа година одбележува 65 години постоење, е подготвен за упис на новите бруцоши во учебната 2024/2025 година. Досегашната статистика на ФЕИТ вели дека интересот за сите седум студиски програми е подеднаков и студентите се запишуваат на посакуваната студиска програма во државна квота... Оваа година приликата да се запишат на еден од најпрестижните технички факултети во државава ќе можат ...

Серија гравури откриени на камени столбови кои датираат од пред 12000 години се можеби првиот пример на соларен календар во историјата. Многу пред папата Григориј XIII (1501-1585) и неговиот Грегоријански календар, Турците веќе ги следеле деновите, годишните времиња и годините со соларен календар. Ова се резултатите што произлегуваат од студијата објавена во Time and Mind, која ги анализирала гравурите во комплексот Гебекли Тепе, археолошки ...

Минатиот месец започна фаза 1 од големото испитување на mRNA вакцина против неситноклеточен карцином на белите дробови, со прелиминарни резултати кои се ветувачки. Испитувањето треба да заврши во јануари 2026 година. Испитувањата на mRNA вакцината против неситноклеточен карцином на белите дробови започнаа во седум земји. Лекот користи технологија слична на некои од вакцините што се користат против ковид. Технологијата, всушност, првично и беше ...

Природно-математичкиот факултет на 29 и 30 август ги очекува пријавите од идните студенти – бруцоши, за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година на Институтите на ПМФ за првиот циклус на студии ќе можат да се запишат вкупно 1030 студенти од Македонија и 32 студенти од странство. Согласно со објавениот конкурс, пријавите се вршат преку електронскиот систем iKnow на УКИМ, а сите потребни документи се доставуваат лично во просториите на ПМФ. ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за ...

По повеќе од една година рекордно високи глобални температури на морињата, екваторијалниот Атлантик се лади побрзо од кога било. Во текот на изминатите три месецa, промената од топли кон ниски температури во екваторијалниот Атлантски Океан се случи со рекордна брзина. Оваа нова шема на „Атлантска Ла Ниња“ доаѓа непосредно пред очекуваната транзиција кон поладната Ла Ниња во Тихиот океан, а овие настани што се случуваат еден по друг би можеле да ...

Ел Нињо е дел од природниот климатски феномен наречен Јужна осцилација Ел Нињо (El Niño Southern Oscillation – ENSO). Феноменот има две спротивни состојби: Ел Нињо и Ла Ниња, и обете влијаат значително врз глобалното време. Делувањето на Ел Нињо може да се идентификува преку голем број различни мерења, вклучувајќи: потопли од вообичаените температури на површината на водата во тропскиот источен Пацифик, атмосферски притисок над нормалата во ...

Замислете кога би било можно да лансираме сателити во орбитата без користење на ракети, ниту било каков погонски систем, туку инструментот или било кој товар сам да стигне во орбитата. Група на кинески научници го предлага токму тоа, да се изгради машина која ќе го користи принципот на магнетна левитација за лансирање. Идејата е да се искористи центрифугалната сила, тоест товарот кој се лансира да е прицврстен за ротор кој ќе се врти доволно ...

Првенецот на Снежана Каначки од Србија, научно-фантастичниот роман „Поларис – последниот град“, деновиве го доби првото македонско издание. Жанровски романот може да го сместиме како младинска дистописка фантастика, жанр кој се стекна со популарност на почетокот на овој век, особено со успехот на книжевните серијали “Игри на гладта” (2008) од Сузан Колинс и “Дивергентни” (2011) од Вероника Рот, кои имаа и мошне успешни филмски адаптации. Со ...

Древните седиментни карпи, пронајдени од роверот Истрајност (Perseverance), го потврдија присуството на вода на Марс во минатото. И тие ја одржуваат жива надежта дека ќе најдат траги од вонземски живот. Според податоците собрани од Тања Бозак, геобиолог од Одделот за гео, атмосферски и планетарни науки при МИТ, роверот Истрајност на НАСА открил дека древните карпи во кратерот Језеро на Марс се формирале во присуство на вода. Овие седиментни ...

Една нова студија предлага дека изборот на домашно милениче е директно поврзан со личноста на оние кои го посвојуваат. Англичаните ги користат термините „cat people“ и „dog people “, додека на македонски јазик првите ги нарекуваме „мачкари“, додека вторите најчесто кучкари. Значењето е исто – има луѓе кои посвојуваат мачка затоа што ја претпочитаат и други кои никогаш не би можеле да живеат без куче. Сега една нова студија објавена во Anthrozoös ...

Студија на МИТ ги истражуваше шансите да се умре за време на лет и откри дека патувањето со авион станало 39 пати побезбедно од 1968 година до денес. Од 1960-тите до денес, патувањето со авион станало 39 пати побезбедно. Ова се резултатите од студијата објавена во Journal of Air Transport Management, која ги анализирала ризиците од смрт додека патувате со авион споредувајќи ги смртните случаи од 1968 до 1977 година со оние од 2008 до 2017 година ...

НАСА го одложи лансирањето на мисијата Crew-9 на Спејс Екс (SpaceX) за септември. Причините се поврзани со проблемите на боинговиот шатл Старлајнер (Starliner), кој стои ‘заглавен’ на вселенската станица веќе цел месец. Извесно е и враќањето на астронаутите дома за скоро време и покрај позитивните тестови на Старлајнер... Проблемите на шатлот Старлајнер на Боинг, кој во моментов сè уште стои прикачен за Меѓународната вселенска станица (ISS), ...

Скопје

18ᴼ/18ᴼ
1.03
59%
1021

Белград

16ᴼ/14ᴼ
1.54
48%
1023

Софија

17ᴼ/15ᴼ
2.57
63%
1021

Сараево

21ᴼ/21ᴼ
6.43
38%
1020

Љубљана

13ᴼ/10ᴼ
0.0
91%
1022

Атина

25ᴼ/23ᴼ
4.02
55%
1017

Тирана

19ᴼ/19ᴼ
0.51
64%
1020

Подгорица

20ᴼ/18ᴼ
1.03
68%
1020
Currency

61.5819

Currency

56.2674

Currency

73.5281

Currency

37.9636

Currency

40.8579

Currency

65.7357

Currency

7.9629

Currency

0.58601

Currency

0.37732

Currency

0.5265

Currency

1.63976

Currency

0.66876

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

566318 $

Рутениум

15530 $

Калај

33 $

Сребро

1012 $

Злато

85566 $

Бакар

8 $

Паладиум

33536 $

Платина

31585 $

Родиум

153536 $

Цинк

99935 $