SpaceX ги прикажа првите текстуални пораки разменети помеѓу телефони на T-Mobile преку еден од сателитите на Starlink поставени во ниската орбита на Земјата. „Во понеделник, на 8 јануари, тимот на Starlink успешно ги испрати и прими нашите први текстуални пораки користејќи мрежен спектар на T-Mobile преку еден од нашите нови сателити Direct to Cell лансирани шест дена претходно“, се вели во објавата на Starlink. SpaceX минатата недела ги ...

Службата за следење на климатските промени Коперник (C3S) на Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег потврди: 2023 година е најтоплата година досега. Она што се стравуваше е потврдено – глобалните температури на планетата достигнаа исклучително високи нивоа во 2023 година. Службата за следење на климатските промени Коперник (Copernicus – C3S), спроведена од Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег во име на ...

По вчерашното историско лансирање со ракетата Вулкан, сондата Перегрин страда од сериозна аномалија што го става под знак прашалник самото пристигнувањето на нејзината конечна дестинација – Месечината. Следните неколку часа се одлучувачки. Се чинеше дека сѐ се одвива совршено. Лансирањето со новата ракета ULA Vulcan, што се случи вчера – 8 јануари 2024 година од Кејп Канаверал, ја постави сондата Перегрин (Peregrine) од приватната американска ...

Земјотресот што ја погоди Јапонија на првиот ден од оваа година беше силен, со магнитуда од 7,5 степени според Рихтер. Но, највпечатливиот доказ за јачината на овој земјотрес е поместувањето на тлото што тој го предизвика. Имено, на некои места тлото се издигна и до 4 метри, а се помести странично за повеќе од еден метар! Како Јапонија успеа да го ограничи бројот на жртви при ваков разорен земјотрес? Еве што треба да научиме од јапонскиот ...

Денес, среда, 3 јануари, точно во 1 часот и 38 минути по средноевропско (македонско) време, Земјата ја достигна позицијата перихел за 2024 година. Всушност, денес Земјата беше најблиску до Сонцето за оваа година, или на само 147 100 632 km. Точното растојание и време кога Земјата ќе биде во перихел, варираат од година во година. Така на пример, следната година при перихел, Земјата ќе биде 3054 километри подалеку од Сонцето, а моментот ќе се ...

Секогаш треба да дадеме поддршка кога се прави нешто ново и корисно, но не и по цена на неоправдани трошоци и загуби. Спречувањето на идните штети, за кои толку многу зборувавме во изминатите 3-4 месеци, се единствената причина зошто пропаѓањето на тендерот за ПАХЕ „Чебрен“ можеме да го сметаме за релативен успех.Но, да се вратиме на техничко-економски терен и да ги разгледаме нашите опции за во иднина. Многумина ќе бидат изненадени, но на ...

Иако многу аспекти од 2024 година засега се сè уште непознати, она на што можеме да се радуваме е многуте научни проекти и истражувања што треба да се случат или финишираат оваа година, имајќи предвид дека веќе подолго време се крчкаат. Како што нѐ потсети написот објавен кон крајот на декември во Nature, следниве 12-те месеци треба да донесат важен развој за науката, особено во доменот на вселенските истражувања, вештачката интелигенција, ...

Со жалење ја пренесуваме веста дека на 25 декември, на 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ, поранешен атлетичар, професор по историја во пензија и автор на десетици научно-популарни статии објавени во списанието и на веб порталот ЕМИТЕР. Роден е во Велес, на 7 ноември 1950 година. Во спортот се вљубил на млади години, и таа вљубеност ќе трае и ќе го одбележи целиот негов живот. Бошковиќ уште од школските денови ќе започне активно да се ...

Овој декември Google конечно го подобри својот четбот Bard со моделот на вештачка интелигенција од најновата генерација наречен Gemini. Според изјавите на калифорниската компанија, овој модел треба да ги надмине перформансите на ChatGPT и моделите од другите конкуренти. Ракавицата е беше фрлена кон OpenAI токму во деновите кога водечката компанија на полето на ВИ ја тресеа силни превирања. Се сеќавате, нели, Сем Алтман беше отпуштен, па поканет ...

Измислете нешто подолго, со најмалку 10 знаци. Притоа вклучете броеви, барем еден симбол и, за секој случај, можеби и понекој хиероглиф. Ах, да, притоа внимавајте тоа да биде нешто што лесно ќе го запаметите, се разбира. Да, компликуваните побарувања за поставување на лозинки за пристап до вашите дигитални кориснички сметки знаат да бидат мошне чудни и забегани. Но, се чини дека нивните денови одбројани. Според сите показатели, засега, клучевите ...

Веројатно веќе сте забележале дека кога млазот на славината ќе удри во дното на мијалникот, водата прво истекува формирајќи финa мазнa површина, а потоа на одредено растојание се формира некаков набор и протокот станува погуст. Овој феномен, наречен хидрауличен скок, е генерално стабилен. Но, откривме дека под одредени услови, тој може да почне да осцилира! Понекогаш сметаме дека некој феномен бил проучен од секој агол, дека неговото однесување ...

Микрофонскиот предзасилувач од овој кус напис е мошне едноставен за изработка и остава големи можности за експериментирање, со цел да се прилагоди на следниот засилувачки степен и да се добие квалитетен звук. Ако го направите со елементите чии вредности се дадени во шемата подолу и карактеристиките на предзасилувачот не ги задоволуваат вашите потреби, дотерувањето по ваш вкус можете да го сторите со менување на вредностите на речиси сите ...

За филмот како водечка уметност во 20 век, повеќето од луѓето кои покажале барем мала љубопитност за неговите почетоци, знаат дека тој датира во март 1895 година со проекцијата на филмот „Работниците ја напуштаат фабриката Лимиер“ секако, на пионерите, браќата Луј и Огист Лимиер. Но, за официјален се смета токму денешниот датум – 28 декември, кога во истата година кога прикажани серија од кратки сцени од секојдневниот живот во Франција, за што ...

Раното будење за многумина е тортура. Но меѓу нас има и такви на кои тоа не им претставува никаков опсобен напор, и покрај тоа што понекогаш не можат да спијат до доцна во ноќта. Ранобудниците веројатно за оваа своја способност треба да им се заблагодарат на своите предци неандерталци. Имено, неандерталците поседувале генетски варијанти поврзани со склоноста за рано будење. Мошне погодно за искористување на дневната светлина. Се чини дека ние ги ...

Во зима, очите на ирвасите ја менуваат бојата и стануваат способни да ја гледаат дури и ултравиолетова светлина. На овој начин тие можат да го откријат во снегот специфичниот лишај со кој се насладуваат. Веќе пишувавме дека со доаѓањето на зимата, очите на ирвасите ја менуваат нивната боја и стануваат сини, што им овозможува да гледаат подобро во текот на ноќта, собирајќи ја светлината дури и од најбледиот светлосен извор. Но, една студија ...

Овие мали модуларни реактори (Small Modular Reactor – SMR) се иднината на зелената енергија. Допрва ќе слушаме за SMR технологијата, а Европскиот парламент на 12.12.2023 година усвоил „иницијативен извештај“ за SMR и значењето на оваа нова технологија за идниот европски енергетски систем. Низ целиот свет никнуваат стартапи за оваа нова технологија, а американската компанија OPEN-100 нуди бесплатни планови/цртежи за самостојна изградба на мала ...

Во рамки на одбележувањето на 25 години од своето постоење, Скопското Астрономско Друштво организира нова изложба на астрофотографии направени од нивните членови. “Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени ...

На северната хемисфера денес, значи не на 21 декември, започнува зимата и тоа во секој поглед. За оние што сакаат да бидат попрецизни, точниот момент на солстициумот беше во 4:27 часот по македонско време. Еве што тоа значи. Зимскиот солистициум за 2023 година на северната хемисфера, бидејќи на јужната хемисфера е летниот солистициум, паѓа на 22 декември во 4 часот и 27 минути по македонско време. Токму во овој момент, оската на Земјата е ...

Минатата недела во просториите на Кинотека на Македонија се одржа промоција на книгата “Телевизиски Системи”, во издание на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“. Ова е трета стручна книга на м-р Милчо Узунов и прва од овој тип, за оваа тема напишана на македонски јазик, што додава дополнителна тежина на значајот на ова дело. Книгата обработува проблематика чиешто познавање ќе им биде од огромна корист на сите што се бават со каква и да е ...

Во четвртокот, од Сонцето еруптираше огромен сончев блесок. Појавата предизвика умерено радио помрачување во Јужна Америка и креираше спектакуларни појави на поларна светлина во следните неколку дена. Иако ова беше најмоќниот сончев блесок регистриран последниве шест години, експертите велат дека нема да биде последен, а ниту најголем во овој сончев циклус. Имено, активноста на Сонцето се зголемува и, според добар дел од прогнозите, сончевиот ...

Социјалните медиуми можат да бидат позитивна работа, но само ако знаете да ги користите одговорно. Споделувањето на премногу информации или погрешни работи може да ве остави изложени на вознемирувања, напади во реалниот свет и други последици што би сакале да ги избегнете. Еве неколку работи на кои треба да обрнете внимание и кои е најдобро да ги прескокнете во вашите споделувања на фејсбук, X (твитер), ТикТок, Редит, Пинтрест... Планови за ...

Неодамнешната анализа на податоците од мисијата Касини на НАСА дополнително го консолидираше интересот за можноста дека некоја форма на живот можеби опстојува на сатурновата месечина Енкелад. Откритијата го потврдија присуството на цијанидна киселина, една од основните молекули во потеклото на животот, која беше детектирана во огромната прекривка од мраз и во водената пареа што се пробива низ ледената површина на оваа сатурнова месечина. Овие ...

Мисијата MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN) на НАСА, која е поставена во орбитата околу Црвената планета, забележала ненадејно исчезнување на сончевиот ветер. Два дена подоцна, податоците за сончевиот ветер се вратиле во нормала. Сончевиот ветер претставува всушност постојан тек на наелектризирани честички што потекнуваат од Сонцето. Сончевиот ветер влегува во интеракција со честичките во горната атмосфера и во магнетосферата на ...

Денес во просториите на Културно информативниот центар во Скопје, во Салонот 19:19, инженерите на Република Македонијаорганизираа и одржаа јавна деба на тема „Чебрен – македонски ресурс – не е за раздавање". Јавната дебата на којашто сите беа поканети, е дел од серијата настани и дебати што инженерите ги организираат со цел да се подигне свеста на јавноста за штетноста на договорот што овој месец е најавено дека треба да се “завери” со потпис ...

Црните дупки, космичките џинови познати како извор на некои од најсветлите извори на радиобранови во универзумот, беа фокусната точка на студијата предводена од професорот Мајкл Браун, од Факултетот за физика и астрономија при Универзитетот Монаш. Истражувачите навлегоа во мистериите на радиобрановите емитувани од најмасивните црни дупки користејќи го најсовремениот австралиски радиотелескоп ASKAP (Australian Square Kilometer Array Pathfinder). ...

Индиската вселенска агенција (ISRO) постигна историски, но неочекуван подвиг со повторното поставување на погонскиот модул од нивната лунарна сонда во орбитата на Земјата. Потфатот, кој иако првично не беше предвиден, беше успешно завршен и претставува важна пресвртница како за ISRO, така и за вселенските истражувања, воопшто. Тестот, како што соопшти ISRO, се состоел од безбедно враќање на погонскиот модул (PM) од сондата Чандрајан 3 ...

Кон крајот на јули оваа година, астероидот 2023 NT1 со пречник од околу 30-60 метри пролета крај нашата планета, поминувајќи на една четвртина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, т.е. на приближно 95 000 километри. Ако нѐ погодеше, експлозијата на астероидот ќе беше околу три пати посилна од онаа што се случи во Челјабинск, Русија, во 2013 година, настан во кој имаше околу илјада повредени и кој нанесе значителна штета на ...

На 10 јули 1943 година, некој месец по пресвртниците на источниот и африканскиот фронт и речиси една година пред искрцувањето на Нормандија, сојузничките вооружени сили ја започнале операцијата Хаски – искрцување на брегот на Сицилија. При оваа воена операција младиот американски пилот Гилберт Халдин Мајерс, заедно со екипаж од пет лица, го напуштил Тунис со својот бомбардер Б-25 со цел напад на аеродромот Шјака на Сицилија. Тој никогаш не се ...

Извештајот од едно археолошко истражување, поставен на платформата со отворен пристап Wiley, во кој се тврди дека структура пронајдена во Индонезија е најстарата пирамида во светот, предизвика лавина од реакции и многу критики од некои од археолозите кои сега инсистираат на повеќе и недвосмислени докази за ова тврдење. Сензационалното истражување заклучува дека постои пирамида која се наоѓа под праисториската локација Гунунг Паданг во Западна ...

Во врска со давањето на Чебрен на Грците, има еден детал што досега не сме го анализирале, а што ќе им донесе значителен профит во иднина. Според Одлуката за избор на најповолен понудувач од 14.9.2023 година, концесионерот треба да изгради брана кај Орлов Камен, висока 50-60 m, заради формирање на долна акумулација на реверзибилната хидроелектрана „Чебрен“. Истовремено, му се остава можност кога што ќе посака да инсталира таму и турбо агрегати ...

Минус 3,1%

26 минути - InStore

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

4ᴼ/3ᴼ
1.03
90%
1022

Софија

5ᴼ/3ᴼ
1.54
88%
1021

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
1.49
72%
1022

Љубљана

3ᴼ/2ᴼ
0.51
93%
1023

Атина

15ᴼ/13ᴼ
1.54
70%
1019

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
0.0
76%
1017

Подгорица

7ᴼ/7ᴼ
0.51
87%
1018
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

507727 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

997 $

Злато

85135 $

Бакар

8 $

Паладиум

30675 $

Платина

30508 $

Родиум

147106 $

Цинк

99249 $