Нобеловата награда е едно од најпрестижните и најпознатите научни признанија на нашата ера. Со неа се одбележува исклучителната природа на откритијата на добитниците на наградата, а добитниците стануваат познати и надвор од академските кругови. Сепак, се чини дека медалот има и своја опачина – честта да се биде Нобеловец се чини дека може негативно да влијае врз продуктивноста на победниците. Барем кон ова укажуваат резултатите од студијата ...
За Нептун владееше мислење дека е замрзната, премногу изолирана планета за Сонцето да има некое сериозно влијание врз неа. Но, се чини дека не е така. Временските услови на Нептун се развиваат во согласност со ‘расположението’ на Сонцето. Лоциран на 4,5 милијарди километри од центарот на Сончевиот систем, растојание речиси 30 пати поголемо од она помеѓу Земјата и Сонцето, Нептун еволуира во исклучително студена и темна средина. Гледано од страна ...
Многумина кај нас сé уште не веруваат дека Македонија ќе мора да ги затвори сите термоелектрани на јаглен до 2030 година и мислат дека сето тоа ќе остане само „мртво слово на хартија“. Сите тие најпрво нека го отворат документот, на страна 8, што нашата влада го поднела до секретаријатот на UNFCCC (United Nations Framework Convention on Climate Change, скратено UN Climate Change), а е насловен како Enhanced Nationally Determined Contribution ...
Данската компанија Lego го суспендираше проектот за производство на популарните коцки од рециклирани материјали односно од пластични шишиња за пијалоци наместо како замена за вообичаената пластика што ја користат, а која се добива од нафта. Според соопштението за јавност, компанијата се решила на овој потег поради тоа што процесот на реупотреба на ПЕТ (PET) амбалажата не донел никакви промени во поглед на јаглеродните емисии што се испуштаат при ...
Во претходните написи – ПАХЕ „Чебрен“ е потреба, но дали под овие услови? и За енергетскиот суверенитет на Македонија, ја анализиравме важноста на пумпно-акумулационата хидроелектрана (ПАХЕ) „Чебрен“ за акумулирањето на енергија од фотонапонските (ФН) електрани, направивме приближна проценка на цената на складирање на енергијата, ги разгледавме нашите опции за справување со електроенергетската криза во иднина во контекст на скорото престанување ...
После дискусијата со еден градежен инженер, како и врз основа на изјавата на еден владин чиновник дека „не треба да не засега колку Грците ќе ги чини изградбата на браната на ПАХЕ Чебрен“, ќе се обидам да најдам одговор зошто цената на изградбата е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ. Прво, да видиме дали е сеедно дали ќе се градат две брани од по 100 m висина или една брана од 200 m висина (на сликата). Како што знаеме, предложена е ...
Вештачката интелигенција денес наоѓа примена во речиси секоја пора во животот, дури и во најнеочекуваните работи и места. Имајќи предвид дека пејзажот на локалниот ИТ-сектор кај нас станува од година во година сè покомплексен, одржувањето на ИТ самит посветен на ВИ во Скопје се наметнува како логичка потреба како место за размена на идеи, искуства и, зошто да не, како своевиден пазар на трудот за ова поле. Самитот на едно место собра луѓе кои на ...
Вештачката интелигенција (ВИ) и технологијата станаа водечки тренд кој свое место и примена во речиси сите сегменти од нашето живеење, дури и на најнеочекуваните места, дури на пример и во земјоделството, спортот, или во едукација. Ако се следи имагинацијата можностите што ги носи вештачката интелигенција за унапредување на истражувањата и иновативноста, развојот на бизнис стратегиите, планирањето и организацијата на производството, се ...
Денес, 27 септември 2023 година, Google го слави својот 25-ти роденден. Ова е очебијно и од цртанката посветена на денот кога во 1998 година основачите на компанијата, докторантите Сергеј Брин и Лери Пејџ, ја основаа нивната оперативна база, првата канцеларија на Google, во изнајмена гаража. Но интересно е што Google досега го одбележувал својот роденден и на други датуми. Па така, како роденденски ден понекогаш беше сметан 4 септември, денот ...
Во 2024 година (точниот датум сè уште не е познат) астрономите очекуваат дека во текот на неколку дена објектот T CrB, во соѕвездието Северна Круна (Corona Borealis), ќе го зголеми сјајот, а потоа ќе се врати во првобитната состојба. T CrB е бинарен ѕвезден систем составен од масивно бело џуџе и црвен џин, а се наоѓа во нашата галаксија на оддалеченост помеѓу 2 600 и 3 130 светлосни години од нас. Она што го прави T CrB интересен е тоа што ...
По најавите за конечната изградба на пумпно-акумулационата хидроелектрана Чебрен, капацитет којшто на нашиот систем му е насушно потребен, да разгледаме колку отприлика чини изведбата на една ваква електрана, колкав би бил проектираниот производен капацитет на електраната, што од тоа реално би користеле ние како корисници во Македонија и што тоа значи за нас. На овој начин ќе може да добиеме реална слика за полезноста на електраната, нејзината ...
Антропик, компанија за вештачка интелигенција поддржана од Google, лансираше во САД и Велика Британија платена верзија на својот чет-бот Клод. Со цена од 20 американски долари (или 18 британски фунти) месечно, новата опција Claude Pro нуди приоритетен пристап кога ботот е зафатен, ран пристап до новите функции и можност за испраќање повеќе пораки. Главната предност е што ќе имате пет пати поголема употреба со Claude Pro во споредба со ...
Додека ги чекаме објавите за добитниците на вистинските Нобелови награди, настан што треба да се случи на почетокот од идниот месец, ред е да ги разгледаме и добитниците на овогодинешните Иг Нобел награди. А се чини дека нема недостток на, ахем, интересни истражувања. Зошто геолозите сакаат да лижат карпи? Може ли нозете од мртов пајак да се користат како прецизна пинцета? Ова се дел од бизарните прашања на кои одговор даваат студиите што ...
Еден од најтешките проблеми со кои се соочуваме во време на еколошка транзиција е конфликтот помеѓу производството на чиста енергија и влијанијата врз биодиверзитетот и животната средина на структурите што ја произведуваат. Но, иако веќе подолго време се знае дека ветерните турбини претставуваат проблем за локалните птици и лилјаци, една нова студија објавена неодамна во Journal of Applied Ecology, која го разгледува влијанието на капацитетите ...
Денеска беше пробиен претходниот, многугодишен минимум на нивото на Преспанско Езеро. Не само што беше пробиен, туку брзината на намалување на нивото е поголема отколку во претходните неколку години, како што се гледа од стрмините на портокаловите линии на трендот. Од оваа точка патот води само надолу и прогнозата е дека ни претстои дополнително спуштање од околу 21 cm, односно до кота -591 cm, што одговара на надморска висина од 841,70 m. ...
Во трудот објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, тим астрономи навести за можно присуство на црни дупки во нашето соседство. Објектите се веројатно сместени во ѕвезденото јато Хијади (Hyades). Доколку нивното постоење биде потврдено, тие би биле најблиските црни дупки до Земјата – оддалечени само 150 светлосни години. Имено, ѕвезденото јато Хијади е најблиското „отворено јато“ до Земјата. Овие јата претставуваат ...
За Udemy онлајн платформата за учење и настава сигурно сте слушнале. Основана е во мај 2010 година од Ерен Бали, Гаган Бијани и Октај Чаглар, на Udemy може да се најдат и широк спектар на бесплатни онлајн курсеви меѓу кои и курсеви за користење на вештачка интелигенција. Имено, ВИ може да се искористи за зголемување на продуктивноста, создавање на привлечна содржина и на многу начини да му помогне на вашиот бизнис да напредува. Па учењето нешто ...
Додека ние чествуваме Ден на независноста на Македонија, гиковите и сај-фај нердовите денес го одбележаа денот на Ѕвездени патеки – Star Trek Day. Имено, на денешен ден, пред точно 57 години оригиналната серија Ѕвездени патеки дебитираше на малите екрани со “Каде ниту еден човек не бил порано”. Интересно е што ова е всушност втора пилот епизода од сега легендарниот серијал. Првата пилот епизода, “Кафез”, била прогласена како премногу “умствена”, ...
286 386 577 668 298 411 128 469 151 667 598 498 812 366. Ова не се 42 броја земени по случаен избор. Оваа количина одговара на бројот на монотони Булови функции во девет димензии. Ова неодамна го утврдија Ленарт Ван Хиртум, компјутерски научник на Универзитетот во Падерборн во Германија, Патрик Де Каусмакер од КУ Левен во Белгија и нивните колеги, по повеќегодишна работа и 1500 часа поминати во пресметки. Пресметката на овој т.н. „деветти ...
Луѓето за првпат пристигнале од пределите на југозападна Азија во Европа пред 1,4 милиони години и оттогаш го освојуваат и населуваат континентот, приспособувајќи се на сите можни услови и преживувајќи дури и екстремни климатски промени. Ова беше доминантната теорија за ширењето на луѓето во Европа. Барем, до неодамна... Една неодамнешна студија на Лондонскиот универзитет Глобал (UCL) објавена во Science го доведува во прашање ова толкување. ...
Токму ваков е заклучокот на една нова студија изработена од истражувачки тим од САД. Моделирањето и симулацијата за создавање на минимална почетна популација за успешна колонија на Марс која би продолжила да напредува покажале дека целта може да се постигне со само 22 луѓе. Ова е значително помала бројка од претходната проценка којашто велеше дека за овој потфат би биле потребни најмалку 110 луѓе на површината на Марс. Колку повеќе, толку ...
Реализирањето на домашните поправки, преправки, градинарски уредувања и хоби-проекти секако е полесно со вистинскиот алат во рака. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои повторно стокмија интересна понуда за нив. Месец септември го отвора сезонската понуда на алати од марката Procraft. Засега се презентирани два модела на ...
Ажурирањето на софтверот на уредите на вработените е постојана и напорна работа. Понекогаш на компаниите им недостасуваат ресурси за да ја завршат работата правилно. Во просек, десетици нови пропусти се наоѓаат секој ден и стотици, па дури и илјадници закрпи за нив се објавуваат секој месец. Па, на кои ажурирања треба да им се даде приоритет? Иако не постои едноставен одговор на ова прашање и иако стратегиите за ажурирање на претпријатијата може ...
Кометата C/2023 P1 Нишимура, откриена пред само неколку недели, наскоро би можела да биде видлива со голо око. Кометата беше пронајдена од јапонскиот астрофотограф и астроном аматер, Хидео Нишимура на 11 август, кога го фотографирал ноќното небо со обичен дигитален фотоапарат со експозиција од 30 секунди. Кометата би можела да стане доволно светла за да може да се набљудува и без дополнителни помагала, уште на почетокот од овој месец. Но, ...
Европол предвидува дека до 2026 година до 90% од онлајн содржините би можеле да бидат вештачки генерирани, така што утврдувањето на вистинскиот идентитет на корисниците би можело да стане сѐ поголем предизвик. Денес, биометриката добива на интензитет бидејќи многу компании ја спроведуваат како побрз и поудобен процес за автентикација. Сепак, Стјуарт Велс, главен технолошки директор на компанијата за биометриска автентикација Jumio, ги посочи ...
Овој месец, на 30 август (некаде се среќава и 28) се навршуваат точно 60 години од првата презентација на компактната аудио касета и првиот касетофон од страна на реномираната холандска компанија Филипс (Philips). Имено, на 30 август 1963 година, на саемот Berlin Radio Show биле претставени овие два производа кои ќе ја одбележат аудиотехниката и музичката продукција во следните неколку децении. Иако денес овие две нешта можеби ја губат смислата ...
Автоматските системи, т.н. ботови, научија подобро од човек да ја решаваат captcha заштитата. Ова се оние лесни сликовни тестови од типот „Изберете ги сите слики каде што се појавуваат семафори“, „Впишете го прикажаниот текст “, „Изберете ги фотографиите со скали“... , со кои речиси секојдневно се среќаваме на интернет во ситуација кога треба да пристапиме до некоја веб-страница преку која треба да купиме билети за концерт, да испратиме документ ...
Во САД започна првото тестирање врз луѓе на таблета способна да се спротивстави на ефектите од нуклеарното зрачење од таканаречените валкани бомби или од нуклеарно оружје. Вестите дојдоа од американскиот Национален институт за здравство (NIH), при што се прецизира дека во претклиничките студии пилулата успешно отстранила многу од радиоактивните метали, вклучувајќи ураниум, нептуниум, плутониум, америциум и кириум. Во испитувањето учествуваат 42 ...
На 23 август, Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) успешно слета на Месечината со мисијата Чандрајаан-3. Со овој чин Индија стана четвртата земја која успешно постави сонда на Месечината и прва што слета на лунарниот јужен пол. Сите претходни месечеви мисии слетуваа во пределот на месечевиот екватор. Научниците сега се се во очекување на “искрцувањето” на месечевиот ровер кој треба да испраќа слики и податоци назад на Земјата. ...
Вселенското летало Луна-25 излезе од месечевата орбита во саботата, на 19. август, по што се урна на површината на Месечината. Јуриј Борисов, шефот на Роскосмос, објави дека главна причина за падот на Луна-25 била аномалија во работата на моторот. Наместо планираното активирање на потисните мотори да трае 84 секунди, моторот работел 127 секунди. Овој дополнителен импулс предизвикал Луна-25 да удри во Месечината, изјави Борисов за ТВ-куќата ...