Се проценува дека секојдневно 95% од податоците во светот патуваат низ речиси 1,5 милиони километри подводни оптички кабли поставени на океанското дно. Современиот живот исполнет со интернет комуникации, видео повици, стриминг достапен во секој момени, би бил сосема поинаков без оваа огромна инфраструктура. Потребата да се засити оваа глобална глад за сѐ повеќе податоци, се чини дека ќе поттикне поставување на нов кабел на место што досега се ...
Вештачката интелигенција станува прилично добра во имитирањето човечки разговори. Од друга страна, нејзините колеги – хуманоидниите роботите, се чини дека каскаат во напредокот, барем кога станува збор за соодветно прикажување на емоциите. Предизвикот за беспрекорна гестикулација и експресија на емоции кај хуманоидните роботи одамна е во тек, а инженерите од Лабораторијата за креативни машини од Универзитетот Колумбија имаат нови интересни ...
Луѓето кои се занимаваат со активности во природа имаат чувство дека времето минува побавно. И тие помалку импулсивно се справуваат со вознемиреноста и грижите. „Дали некогаш се чувствувате како да нема доволно часови во денот?” – со овие зборови започнува текстот објавен деновиве во Conversation, во кој станува збор за нашата перцепција за времето додека се наоѓаме во урбана и модерна средина наспроти онаа што се „активира“ во нашиот мозок кога ...
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 АПРИЛ 2024 година, во периодот од 11 до 15 часот, во рамки на кампусот на УКИМ, на платото во кругот на комплексот факултети за општествени науки, организира Отворен ден. Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, со свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ. Факултетите кои се дел од универзитетот со најдолга традиција во Македонија, ќе ...
Неодамна тим минијатурни дронови беше испратен во внатрешноста на радиоактивните урнатини од еден од нуклеарните реактори на Фукушима. Снимките треба да им помогнат на јапонските власти во планирање за натамошното чистење на локацијата. Ако претходно добиените слики не укажаа на тоа уште колку работа ги чека јапонците, новата снимка направена од малите роботи со сигурност ја “разјасни” ситуацијата. Tokyo Electric Power Company Holdings (TEPCO), ...
Во 1181 година на ноќното небо се појавила ретка експлозија на супернова, која останала видлива ви текот на наредните 185 дена. Историските записи укажуваат дека суперновата изгледала како привремена „ѕвезда“ во соѕвездието Касиопеја која била сјајна исто колку и Сатурн. Оттогаш па сѐ до денес, научниците се обидуваат да го пронајдат остатокот од оваа супернова. Првично постоеше мислење дека остатокот е можеби маглината околу пулсарот 3C 58. Но, ...
Д-р Зоран Хаџи-Велков, редовен професор на ФЕИТ и дописен член на МАНУ, е избран за уредник во списанието IEEE Transactions on Communications. Ова е водечко списание на ИЕЕЕ, најголемата меѓународна организација на електроинженери, и потекнува од списанието Transactions of the American Institute of Electrical Engineers основано во далечната 1884 година. Во ова списание досега се објавени некои од најголемите научни откритија во телекомуникациите ...
Американската ФДА реши да се спогоди со лекарите кои ја тужеа за мешање во нивната лекарска практика со оцрнување на лекот Ивермектин и омаловажување на оние што го користат. Најмалку еден од лекарите кои се дел од тужбата кон ФДА на нашите читатели им е добро познат – Д-р Пол Марик од Алијансата на работници од првата линија за критична нега на болни од ковид-19 – FLCCC (Front Line Covid-19 Critical Care Alliance). Ивермектинот, којшто е и ...
Во Англија еден човек беше осуден на 66 недели затвор, откако се изјаснил за виновен за вршење на сајберфлешинг. Николас Хокс е првиот човек осуден за ова кривично дело според Законот за безбедност на Интернет во Англија. Сајберфлеширањето (испраќање на несакани фотографии од гениталии) бешe забрането во Англија и Велс со закон, почнувајќи од 31 јануари оваа година. „Сајберфлеширањето е сериозно кривично дело кое остава трајни последици врз ...
Хиперактивност, слаба концентрација, импулсивност: ова се некои од типичните показатели за нарушувањето хиперактивност со недостаток на внимание, познато и по кратенката АДХД (Attention-deficit/hyperactivity disorder). АДХД денес се перцепира како негативна особина, а во многу околности лицата што ја поседуваат се во неповолна положба. Но, тоа не било секогаш така, се тврди во една студија објавена неодамна во Proceedings of The Royal Society B. ...
Австралиското списание DIYODE објави на нивниот сајт и фејсбук дека ќе престане да излегува. Се работи за најмладо списание за популарна електроника во Австралија, создадено во 2016 година. “Во 2016 година, тргнав да создадам списание кое им донесе неверојатни проекти на креаторите низ земјата и светот. Благодарение на помошта на нашиот неверојатен тим, ценетите соработници и секако илјадниците читатели, го направивме тоа. За жал, светот е ...
Во космологијата, терминот темна материја го опишува сето она што се чини дека не е во интеракција со светлината или електромагнетното поле, или што може да се објасни само преку гравитацијата. Не можеме да ја видиме, ниту знаеме од што е сочинета, но таа ни помага да го разбереме начинот на којшто се однесуваат галаксиите, планетите и ѕвездите. Но сега уште едно истражување го става под знак прашалник самото постоење на темната материја, а со ...
Првиот ден од пролетта, кој оваа година паѓа денес 20 март официјално е тука. Овој ден е познат и како пролетна рамноденица, настан речиси секогаш резервиран за 20 или 21 март. Земјата ротира околу слободна оска на ротација која е под агол од 23,5° во однос на еклиптичната рамнина (рамнината во која се наоѓаат Сонцето и сите планети во Сончевиот систем). За една цела ротација околу оваа оска на Земјата, велиме дека изминал еден ден (едно ...
Кога ќе кажеме компјутер, нанотехнологија, батерија, мислиме нешто што е создадено пред неколку децении или најмногу сто години. Но, неколку археолошки артефакти и наоди, предмети изработени и градени пред стотици години, некои од нив и пред новата ера, поседуваат карактеристики за кои би сметале дека може да се постигнат само со користење на современата технологија и наука. Како тие биле создадени во некои случаи е сѐ уште мистерија – загатка ...
Ако се наоѓаме во вселенски брод што полетал од Земјата и се движи низ вселената постојано забрзувајќи, движејќи се сѐ побрзо и побрзо, кои оптички ефекти би можеле да ги видиме? Дали би можеле да ја достигнеме брзината на светлината? Што би се случило кога како во научнофантастичните филмови би се обиделе да го искривиме простор-времето за да може да патуваме побрзо од светлината, што би виделе тогаш? Одговорите на овие прашања, спакувани во ...
Можеби и не сте свесни, но веќе имаме и фотографија од овој епски настан... * За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian. * * * Дополнително објаснување од д-р ...
Срцето е првиот орган што се развива. Но, и покрај неговата важна улога, научниците знаат изненадувачки малку за тоа како точно се распоредени неговите клетки. А тоа набргу може да се промени... Tим од истражувачи го комбинираше секвенционирањето на РНК со најсовремената технологија за правење снимки со единствена цел – изработка на досега најдеталната мапа на срцето. Тие се надеваат дека овој „атлас“ ќе им овозможи на научниците да се справат ...
СпејсЕкс денес треба да го изврши третото лансирање и пробен лет на Старшип. Прозорецот за тестирање од 110 минути се отвора во 13 часот. Преносот во живо е најавено дека треба да започне за отприлика половина час, 30 минути пред лансирањето. Второто пробно лансирање на Старшип (Starship) имаше повеќе важни достигнувања и обезбеди непроценливи податоци за продолжување на брзиот развој на вселенскиот брод. Третиот пробен лет има за цел да го ...
ЛЕД диодите се присутни во светот околу нас уште од ’60-тите години од минатиот век, иако своето место во “мејнстрим” технологијата почнаа да го наоѓаат дури по ’90-тите години. Како и зошто толку долго се чекаше за оваа “штедлива” компактна револуција? Одговорот е мошне интересен... Првите ЛЕД диоди имаа црвена боја, а мошне бргу потоа ја добивме и првата ЛЕД со зелена боја. Но, патот до сината ЛЕД диода не бепе толку брз и едноставен. Може да ...
Секогаш е најдобро преземањето на апликациите да се врши од реномирана продавница и, секако, пред да ги преземете да направите сопствено истражување за нивниот квалитет. Експертите за кибер безбедност открија 21 апликација за паметни телефони што никогаш не треба да ги преземате. Според Malware Fox листата била опишана како “најлоши апликации за Android во изминатата година”. “Важно е да се знае дека повеќето од овие апликации се достапни и во ...
Уште во првите 6 месеци од почетокот на научните операции, во 2022 година, телескопот Веб го собори рекордот поставен од Хабл за детектирање на најдалечната потврдена галаксија. Се верува дека галаксијата позната под ознаката JADES-GS-z13-0 се формирала „само“ 325 милиони години по Биг Бенгот. Ова значи дека таа е повеќе од 100 милиони години постара од најстарата галаксија откриена од телескопот Хабл во 2015 година – GN-z11. Се проценува дека ...
62-годишниот Германец кој од „лични причини“ решил да се вакцинира 217 пати против ковид, поминал низ бизарното искуство без да пријави несакани ефекти и без ослабен имунолошки систем. Неговиот случај, опишан неодамна во една статија во Lancet Infectious Diseases, е интересен за оние кои ги проучуваат ефектите од прекумерната имунизација. Вакцините содржат неинфективни фрагменти од патоген т.е. антигени или „инструкции“ за тоа како самото тело ...
Интересот за најголемата криптовалута во светот ги достигна нивоата што за последен пат беа забележани во 2021 година. Како последица на тоа, во вторникот вредноста на биткоинот (BTC) се искачи над 57 000 американски долари. Цената на оваа “најважна” криптовалута порасна за цели 10% во текот на последнава недела и цели 35% од почетокот на оваа година, најмногу поради возбудата што ја предизвикаа низа фондови преку кои се тргува на берзата за ...
Откажувањето од пушење носи здравствени придобивки на која било возраст – кон ова укажуваат резултатите од студијата објавена неодамна во Jama Network Open која ги анализира здравствените податоци на речиси три милиони Корејци во периодот од 2002 до 2019 година, од кои 200 000 добиле дијагноза на рак. Иако истражувањето истакнува дека најголеми придобивки имаат оние кои го оставаат пушењето пред 50-тата година од животот, резултатите покажуваат ...
Леталото на Интуитив Машинс лансирано минатата недела продолжува без посериозни проблеми да се движи кон Месечината. Ако сè продолжи да се одвива како што треба лендерот Нова-Ц „Одисеј“ (‘Odysseus’ Nova-C) може да ја започне процедурата за слетување уште утре, на 22 февруари, почнувајќи од 23 часот и 49 минути по македонско време (17 часот и 49 минути по американско источно време). Како што веќе пишувавме (види Втор обид на приватна компанија да ...
Reddit склучи договор со Google што му дозволува на гигантот за пребарување да ги користи објавите од порталот за онлајн дискусија за обука на неговите модели за вештачка интелигенција и за подобрување на услугите од типот на Google Search. Договорот, објавен во четвртокот и проценет на приближно 60 милиони американски долари, истовремено му овозможува на Reddit пристап до моделите на Google AI за подобрување на неговото внатрешно пребарување на ...
Малиот рептил Тридентиносаурус антиквус (Tridentinosaurus antiquus) бил откриен во далечната 1931 година во близина на Страмајоло, на висорамнината Пине, во алпскиот регион Трентино. Фосилот се чува во Природонаучниот музеј при Универзитетот во Падова, а се смета дека е значаен не само поради неоспорната вредност на фосилните докази за времето на Пермот (периодот пред 300 до 250 милиони години), туку и поради неговиот необичен изглед што се ...
Во 2021 година група археолози наидоа на интересно откритие на северот на Шпанија – бронзена рака која се чини дека датира од пред околу 2000 години. Она што откритието го прави интригантно и уникатно се четирите линии со чудни симболи врежани од едната страна на артефактот, вдолж дланката. Најновите анализи укажуваат дека овој антички епиграф е поврзан со древните палеохиспански јазици и мошне веројатно бил дел од јазикот што низ вековите се ...
Веб-прелистувачите се портал помеѓу вас и Интернетот, така што тие треба да имаат одбранбени механизми кои можат да ги спречат хакерите да се “вселат” во вашиот компјутер или мрежа. Оттаму сосема логично е што Google сака да го направи Chrome уште побезбеден. Со претстојното ажурирање, Google Chrome ќе може да детектира и да блокира обиди за хакирање чијашто цел е креирање на упориште во домашната мрежа како место од каде што потоа ќе се тргне ...
Со помош на VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, астрономите пронајдоа квазар којшто не само што е најсјаен објект од овој тип, туку е и најсветлиот објект што некогаш бил забележан. Квазарите, всушност, претставуваат сјајни јадра од далечни галаксии, а нивен главен извор на енергија се супермасивните црни дупки. Па така, “чудото” на најсветлиот квазар е напојувано од најбрзорастечката црна дупка која досега била забележана, и која ...