По изминати цели четириесет и пет години, четвртиот, најамбициозен и, според многумина, најдобар албум на иконите на ју-рок звукот Бијело Дугме доаѓа во ново звучно руво, измиксан одново од оригиналните 24-канални ленти што внимателно зачувани лежеле во архивата на Кроација рекордс. Во студиото на Кроација Рекордс, новиот микс го изработил Горан Мартинац. Оригиналниот микс и снимка на некогашното винилно издание на албумот „Битанга и принцеза“ ...

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје треба да се одржи седмата по ред годишна конференција за е-трговија, која веќе трета година има регионален карактер. Конференцијата ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Како што е најавено, оваа година конференцијата ќе се фокусира на аспектите во е-трговијата каде е достигнат потенцијалот, но и на оние каде сè уште ...

Како што беше и планирано, капсулата се врати на Земјата на 25 јуни и со себе ги донесе првите примероци од далечната страна на Месечината. Подвигот на кинеската лунарна мисија Chang'e-6 е историски – за прв пат вештачка сонда слета на површината на Месечината скриена од нас, зеде примероци од карпи и прашина, се врати во лунарната орбита каде што ја чекаше поголема сонда која ја “презеде одговорноста” за собраниот материјал и се упати кон ...

Роверот на НАСА Истрајност (Perseverance) кој од 2021 година го истражува кратерот Језеро на Марс, достигна област од значителен научен интерес. Додека беше на пат кон областа наречена Светлиот ангел (Bright Angel), тимот на НАСА направи интересни геолошки откритија во еден древен речен канал. Светлиот ангел има карпест релјеф во којшто е можно да се најдат древни карпи што биле изложени на речната ерозија или седимент што го исполнил каналот. ...

Истражувачите развија нова техника за мерење на силите што функционираат нанано размери во течен медиум, за која велат дека може да го револуционизира нашето разбирање за добар дел од биолошките и физичките феномени. Микроскопот со супер-резолуција за мерење на фотонска сила – super-resolved photonic force microscope (SRPFM), прецизно мери како наночестичките се поместуваат под дејство на мали сили. Инструментот е толку прецизен што може да ...

Зрно фестивалот, и покрај понижувачката поддршка од министерството за култура, годинава ќе го има своето трето издание. Во моментов, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во прекрасниот простор на семејството Филевски. Годинава, Зрно има уште побогата и поквалитетна програма. На 28 jуни во Мултимедијалниот центар Мала Станица, ...

На 29 јуни од 19 часот во хотелот Монтана во Крушево ќе се прослави јубилејот: 50 ГОДИНИ Ултралесна авијација, 50 ГОДИНИ Крила за слободно летање - змејови и параглајдери, и 50 ГОДИНИ Хели клуб. Дневниот ред предвидува • Пречекување на гостите • Воведен збор • Поздрави • Доделување признанија за особен придонес во развојот • Промоција на Зборникот „Крила во слободен лет“, прашања и задачи за пилоти на змај и параглајдер. Поканети се сите ...

Технолошките стартапи ќе бидат воодушевени од веста дека ветеранот на ризичниот капитал од Силиконската долина (VC) General Catalyst е на повидок да собере 6 милијарди американски долари за поддршка на нови компании. Веста доаѓа непосредно по најавата на Андресен Хоровиц (Andreessen Horowitz), уште еден голем VC играч, за нов инвестициски фонд од 7,2 милијарди американски долари. Се работи за едни од најголемите суми од прибирање финансиски ...

Тајната за помалку користење на паметниот телефон е намалување на неговите перформанси со одложување на одговорот при допир – ќе биде толку иритирачки што ќе го оставиме телефонот настрана. Колку време поминувате пред екранот на вашиот паметен телефон? Веројатно најчестиот одговор ќе биде „премногу“. Мнозинството корисници кои решиле да го одморат, да го заштитат своето здравје и да го подобрат квалитетот на социјалниот живот, избрале да ...

По повод 65 години постоење, Факултетот за електротехника и информациски технологии вчера 18 јуни 2024, во просториите на Македонска Филхармонија, организираше Свечена академија под мотото „65 години наставна и научна извонредност“, по што уследи промоцијата на најновата генерација дипломирани инженери и магистри од овој факултет. На свечената академија беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на ...

Колкупати сте помислиле дека вашето куче му недостасува уште само да прозбори? Можеби конечно дочекавме ова да се оствари :) Па, добро, можебои не баш буквално, но благодарение на вештачката интелигенција можеби ќе можеме да ги толкуваме вокализациите на нашите четириножни пријатели, дали кучето лае радосно или агресивно, а од неговите вокализации ВИ може да ги погоди и возраста, расата и полот. Група истражувачи од Универзитетот во Мичиген ...

Денес, во 22 часот и 50 минути (20:50 UTC), официјално започнува летото. Ова значи дека на денот на летниот солистициум, Сонцето ја достигнува највисоката точка на небото над северната хемисфера, што го прави 20 јуни најдолгиот ден во оваа година за секое место северно од Северниот напоредник (23°26′). По летната долгоденица, времето на дневна светлина станува сè пократко, секој ден, сè до денот на зимската краткоденица во декември. Ова се должи ...

Едно австралиско клиничко испитување покажа дека возрасните лица кои патат од повторлива болка во долниот дел од грбот со редовно пешање се ослободиле од неа на подолг временски период. Болката во долниот дел од грбот е водечка причина за инвалидитет во светот. Се проценува дека во 2020 година од неа пателе 619 милиони луѓе во светот, а се предвидува дека до 2050 година оваа бројка ќе се зголеми на 843 милиони. Досегашната медицинска практика и ...

Во соработка со одделот за електроенергетика во македонската секција на IEEE, ФЕИТ го организира Денот на енергија и одржливост. Настанот се одржува во рамки на иницијативата Денови на одржлива енергија, а чија цел е промоција на користење чиста енергија и енергетска ефикасност. Плановите за спроведување на енергетската транзиција и потребата за сигурно снабдување со енергија се поттик за промени на сите општествени нивоа и за иновации кои ќе ...

Кон крајот на 2019 година, претходно незабележителната галаксија SDSS1335+0728 одеднаш почна да свети посилно од кога било досега. За да разберат зошто, астрономите користеле податоци од неколку вселенски и копнени опсерватории, вклучително и VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, за да следат како се менува осветленоста на галаксијата. Во студијата објавена во Astronomy & Astrophysics тие заклучуваат дека се сведоци на промени ...

Првата задача во домашната енергетика, доколку постои барем малку памет и разбирање, треба да претставува изградбата на реверзибилна хидроцентрала за складирање и балансирање на обновливите извори на електрична енергија (ОИЕ). Просто неверојатно е што при веќе изградени 600 MW во фотонапонски централи и уште нови 600 MW во изградба, се прават планови за стотици мегавати во ветропаркови, иако сите тие го имаат истиот проблем: непредвидливост и ...

Дали гума за џвакање може да ви помогне полесно да го завршите средното училиште? Не! Ама, навистина не! A сепак... одредени мали, но интересни истражувања се чини дека го потврдуваат впечатокот што многумина го имаат – дека мастиките промовираат концентрација, особено при учењето. Оваа неочекувана помош е опишана во истражувањето објавено во British Journal of Psychology, кое предлага дека гумата за џвакање може да помогне во одржување на ...

Според една нова студија, објавена деновиве во Nature Ecology & Evolution, дивите африкански слонови од саваните, поточно видот Loxodonta africana, сосема извесно разговараат меѓу себе обраќајќи си се едни кон други исто како што тоа го прават луѓето – користејќи лични „имиња“. Употребувајќи машинско учење истражувачите анализирале снимки од 469 повици, „трубења“ артикулирани од групи женки со младенчиња во Националниот парк Амбосели и ...

Пред само половина век на технологијата што доаѓаше од Јапонија се гледаше со сомнеж, но кон крајот на 70-тите и во 80-тите години, компаниите како Toyota, Honda, Nissan и Mazda почнаа да бидат ценети од возачите поради нивната ефикасност, ниската цена и високата стапка на технолошки иновации. Експертите од индустријата сметаат дека овој феномен може да се повтори и со кинеските електрични автомобили кои во иднина би можеле да доминираат на ...

Вселенското летало Старлајнер (Starliner) на Боинг, кое во моментов е закачено за Меѓународната вселенска станица, пред докингот забележа две истекувања од хелиум. И покрај ова, засега се смета дека ситуацијата е стабилна и не загрижува. По некои мали технички проблеми што се појавија во последен момент, од синоќа (6 јуни) вселенското летало Старлајнер на Боинг е цврсто закотвено на Меѓународната вселенска станица. Со капсулата Кру Драгон (Crew ...

Горниот модул од кинеската лунарна сонда Chang'e-6 денес, 4 јуни, успешно полета од далечната страна на Месечината, носејќи со себе примероци од лунарната почва што треба да се вратат на Земјата. Државната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи ја кинеската Национална вселенска агенција(CNSA), го опиша настанот како „невиден подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината“. А и не се далеку од вистината. Резултатот – во брзината на ...

Независно од тоа дали самите имате чувство дека во последно време ви се влошува меморијата или тоа го забележува некој друг, оваа забелешка не треба лесно да се отпише. Според научниците заборавноста може да претставува ран предупредувачки сигнал за појавата на деменција од Алцхајмеров тип. Според студијата објавена во научното списание Neurology, луѓето кои за прв пат пријавиле когнитивно опаѓање или,пак, некој што живее со нив го забележал ...

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб им овозможи на астрономите за прв пат да го видат формирањето на најраните галаксии во универзумот во периодот пред 13,3 до 13,4 милијарди години. Овие галаксии се формирале кога универзумот бил стар само околу 400 до 600 милиони години, односно кога тој бил приближно 3 до 4% од неговата сегашна возраст. Откритието ќе помогне да се изгради слика за историјата и еволуцијата на универзумот. Истражувачите од ...

Конфликтот во Украина има донесе низа огромни последици – загубата на човечки животи е неизмерна, а глобална ситуација е сѐ понестабилна. Но, ефектите од борбите не ги чувствуваат само на луѓето, туку и животните. Една нова студија објавена во Current Biology објаснува како присуството на конфликтни зони го принудило големиот орел кликач, чиишто миграциски рути поминуваат преку Украина, да го промени движењето. Ова носи низа последици за ...

Мисијата на Women in Tech Macedonia овој пат ја преточуваме во кариререн самит каде ќе ја поддржиме секоја индивидуа на својот пат кон личен и професионален развој и успех. Со почеток во 9:30 часот на 1ви јуни во просториите на Innox ќе се одржи кариерен самит и каде се поканети сите заинтересирани да слушнат неколку панели со клучни теми за успешно кариерно развивање, да извлечат знаење и искуства од истиот и секако можноста за вмрежување. ...

Враните се првото животно во светот , со исклучок на луѓето, што демонстрира способност да брои на глас. На ова укажуваат резултатите од студијата објавена во Science која вели дека овие птици, веќе познати по нивните математички способности, меѓу другото и разбирањето на концептот „нула“, имаат нумеричка интелигенција еднаква на онаа на човечко дете. Истражувањето било спроведено во лабораторија, а сè уште не знаеме дали враните во природата ...

Астрономите пронајдоа докази за присуство на протоци од вулканска лава на површината на Венера, што укажува на тоа дека планетата можеби е сè уште вулкански активна. Откритието на проток од вулканска лава во два различни региона на Венера беше објавено деновиве во Nature Astronomy. Наодот оди во прилог на претходните докази дека Венера е сè уште геолошки активна, а истовремено укажува и дека вулканската активност можби е и пообемна и ...

Биодиверзитетот, извонредната разновидност на живиот свет што ја населува нашата планета, е клучно прашање за нашата иднина. По повод Светскиот ден на биолошката разновидност, во продолжение разгледуваме неколку вообичаени тврдења на оваа тема, со цел да разбереме што од тоа е добро основана вистина, а што мит што треба да се разоткрие и отфрли. 1. Биодиверзитетот се однесува само на разновидноста на култивираните растенија и животни Неточно: ...

ИнфоМед претставува брза, едноставна и бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Креирана е со цел да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајќи им на сите лица кои имаат потреба од брзи информации, нив да можат да ги најдат на македонски јазик, на едно место – брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен достапен пристап преку книги, застарени ...

Патиштата за потрага по интелигентен вонземски живот се бескрајни. Еден од нив е потрагата по нешто што астрономите го нарекуваат „технопотпис“, посреден технолошки доказ што го издава присуството на напредна вонземска цивилизација. Од тоа, голем интерес во научната заедница неодамна предизвика потрагата по таканаречените Дајсонови сфери. Астрономите анализираат 7 потенцијални Дајсонови сфери – хипотетички структури кои се создадени од ...

Минус 3,1%

29 минути - InStore

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

4ᴼ/3ᴼ
1.03
90%
1023

Софија

6ᴼ/3ᴼ
1.54
87%
1022

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
1.46
71%
1023

Љубљана

3ᴼ/2ᴼ
0.51
93%
1023

Атина

15ᴼ/13ᴼ
1.54
68%
1019

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
1.03
71%
1017

Подгорица

7ᴼ/7ᴼ
0.51
87%
1018
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

507727 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

997 $

Злато

85135 $

Бакар

8 $

Паладиум

30675 $

Платина

30508 $

Родиум

147106 $

Цинк

99249 $