Како и за сите технологии, така и современите четботови управувани од вештачка интелигенција, исто така, имаа потреба од период на прилагодување. На почетокот, всушност, се стравуваше дека генеративните алгоритми би можеле да шират лажни вести меѓу корисниците, хипотеза што беше потврдена во различни студии. Овие алгоритми, сепак, се обучени во огромното море на Интернетот и можат да научат точни, но и неточни поими. Меѓутоа, една студија ...
Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од Македонија, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, кој вклучува и работилници, каде средношколците претставуваат проекти на кои работеле во ...
На 18 јуни 2023 година, петмина патници во мини-подморницата Титан ги загубија животите на длабочина од приближно 3800 метри под морето. Трагедијата се случи крај брегот на островот Њуфаундленд, Канада, при обид за посета на потонатиот брод Титаник. Екскурзијата беше организирана од американската компанија OceanGate. Батискафот во кој се наоѓаа патниците имплодира, осудувајќи ги на ужасен крај. Нешто помалку од една година по несреќата, една ...
Сем ако не сте живееле под камен, веројатно сте слушнале за Rumble којшто, барем кај нас, се перципира како алтернатива на YouTube. Но колку е ова точно? Што всушност нуди платформата? Кои се нејзините предности и недостатоци во однос на добро познатиот YouTube? Па, да тргнеме со ред... Основачот на Rumble, Крис Павловски увидел дека Google на неговата платформа за споделување видеосодржини YouTube им дава приоритет на влијателите, ...
Евровизија соопшти дека тесно соработува со безбедносните тимови за да го заштити најголемиот светски музички натпревар од сајбер напади. 68. Избор за песна на Евровизија започна во шведскиот град Малме во услови на актуелни геополитички тензии, пред се поради нападот на Израел врз Газа и војната во Украина. Изборот за песна на Евровизија е еден од најгледаните настани во светот - 162 милиони луѓе го следеа преносот на натпреварот минатата ...
Што ги предизвикува земјотресите? Одговорот, без сенка на сомнеж, лежи во движењето на тектонските плочи – ви текнува, оние големите крути делови на кои е поделен површинскиот слој на Земјата, во акумулацијата на исклучително силните тензии помеѓу нив и во ослободување на сета оваа акумулирана енергија во форма на сеизмички бранови. Ова, несомнено, е главното објаснување. Но, постои и втора причина, при што одреден редослед на фактори може да ...
Новооткриената населба, стара 7000 години, е пронајдена во близина на реката Тамиш во североисточниот дел на Србија, во регионот на Банат, околу 40 километри северозападно од Делиблатското Песочиште, во округот на селото Јарковац. Се работи за една од најголемите населби од доцното камено време пронајдени во оваа земја. Српскиот дел од Банат е рамен и мочурлив, но во него се наоѓа и најголемата песочна површина во Европа – Делиблатското ...
Во 2023 година, името или ознаката (кој како милува) на една егзопланета стана светска сензација поради тоа што набљудувањата направени со вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) укажуваа кон тоа дека планетата има т.н. биопотпис – знаци дека во составот на нејзината атмосфера постои гас што е произведен од “живот”. Но, една нова студија објавена во Astrophysical Journal Letters најде “дупки” во оваа хипотеза... K2-18b е планета која орбитира ...
Бомбите и другите остатоци од експлозивни направи останати "заробени" во почвата и неексплодирани, по Првата и Втората светска војна, стануваат сè поопасни. Ова е заклучокот на двајца норвешки експерти за експлозивни направи од Универзитетот во Ставангер и Норвешкиот институт за истражувања од областа на одбраната, кои демонстрирале хемискиот состав на овие бомби и гранати го зголемува ризикот тие да експлодираат дури и при минимален стрес. Во ...
Дали е тоа судир на Титаните?... Не! Мегатрон против Оптимус Прајм? Не! Најголемата робо-битка оваа година ќе се случи утре, сабота 27 април, во рамките на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 што ќе се одржи во 17 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ. За сите недоволно информирани, RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, и оваа година, по 12 пат се ...
Овој 'празник' го заслужува вашето целосно внимание и ред е да го одбележите на соодветен начин. Имено, сите ние сме за отфрлање на слабите лозинки, особено ако за зајакнување на вашата безбедност е потребно само малку труд. Ние ви предлагаме четири лесни начини што ќе ви помогнат во оваа насока. Ако се решите за понова форма на заштита на сметката што е поедноставна од употреба на лозинките, не добивате само понапрена заштита за вашите ...
Еден меѓународен проект сака да ги објави сите органски соединенија присутни во храната што ја јадеме. Целта е подобрување на здравјето и безбедноста на храната. Што се готви? Како одговор на ова прашање би можеле да ја наведеме секоја од состојките што сме ја употребиле во приготвувањето на јадењето, веројатно и добар дел од макронутриентите: јаглени хидрати, протеини, липиди... Но, ако треба да навлезаме уште подетално во составот на оброкот, ...
Со дизајнот на оваа 3-елементна антена за 50 MHz (6 m подрачје) го завршуваме опусот антени за VHF, добиени со искористување на материјал од старите антени за 4. телевизиски канал од аналогната телевизија. Слично како и кај останатите две антени, за 70 и 145 MHz, должината на носачот останува 2,5 m, а заради поголемите должини на елементите централниот дел, со должина од 1100 mm, механички е зајакнат со цевка од дуралуминиум со дијаметар d=14 ...
Ако малку од малку сте прочепкале низ јутјубот, сигурно сте налетале и на Slow Mo Guys, јутјуберите посветени на снимањето на речиси сè во забавено движење. И ова го прават повеќе од 10 години. Во еден момент на ум им паднала неверојатна идеја: Дали може да се сними светлината во движење? Епа може... За снимање на светлината, чијашто брзина од 300 000 километри во секунда се смета за апсолутно максимална брзина во Универумот, јутјуберите ја ...
Редок астрономски настан можеби ги натерал градителите на Стоунхенџ да ја усогласат поставеноста на некои од монолитите со движењата на Месечината. Постои можност монолитите од Стоунхенџ да биле порамнети и со привидното движење на Месечината на небесниот свод, а не само со она на Сонцето. Оваа хипотеза за којашто подолг период се дискутира во научните кругови би можела наскоро да биде проверена на лице место. Имено, група научници од ...
Истражувачите пронајдоа геолошки запис стар 3,7 милијарди години за магнетното поле на Земјата од Гренланд, обезбедувајќи ја најстарата проценка за неговата сила добиена од цели примероци од карпи. Според научниците ова е важен исчекор во обидите да се одреди улогата на магнетното поле при појавата на животот на Земјата. Анализата проценува дека магнетното поле на планетата во тоа време било неверојатно слично на она што ја опкружува Земјата ...
Дали Бетовен бил предодреден да стане музички гениј? Ако се суди според неговите гени, веројатно не. Имено, анализата на Бетовеновата ДНК објавена во Current Biology укажува дека тој имал лоша генетска предиспозиција за одржување на ритам, што е клучна способност за еден композитор. Студијата отвора дискусија за тоа колку генетскиот профил (сам по себе) може да се употребува за да се разбере дали една личност која живеела во минатото или, пак, ...
Исконската желба за конечно беше реализирана со првиот лет на браќата Рајт во 1903 година. По него се случува релативно брз развој на воздухопловството. Некаде тука се раѓа и желбата да се поседува сопствен авион, што ќе му овозможи на сопственикот да лета кога и каде же посата. Оваа желба конечно ќе ја изнедри и категоријата на ултра лесни летала. Направени се многу типови на вакви летала, со помал или поголем успех. Но, едно од нив се ...
Истражувачите случајно создадоа слој од злато тенок колку еден атом. Новиот наноматеријал е наречен голден, бидејќи ја има истата дводимензионалност на графенот кој, како што знаеме, е заснован на јаглерод. Голденот е “златен роднина” на графенот, познатиот јаглероден наноматеријал за којшто се теоретизираше од 1985 година и кој конечно беше откриен во 2004 година. Во изминативе 20 години, откако графенот за првпат беше произведен, па сѐ до ...
Најголемата 3Д мапа на универзумот што некогаш е создадена нуди показатели што помагаат да ја разбереме еволуцијата на космосот. Тие укажуваат дека можеби грешиме во поглед на нашето сфаќање за однесувањето на темната енергија, која го сочинува најголемиот дел од универзумот, бидејќи се чини дека оваа мистериозна сила можеби слабее со текот на времето. Се смета дека темната енергија предизвикува забрзано ширење на космосот. Ако се покаже дека не ...
Три потреби се сметаат за основни за опстанокот: храна, вода и засолниште. Според новото истражување, во текот на околу 7000 години најмалку две од тие три потреби им биле задоволени на древните луѓе кои престојувале во лава-тунелот долг речиси 1,5 километар, сместен на 125 километри северно од Медина. Ова е прв случај да бидат пронајдени докази за населување на луѓе во лава тунел, во пустините на северот на Саудиска Арабија. Лава тунелите, ...
2022 година беше ужасна година за отстранување на е-отпадот и ништо не нè наведува да мислиме дека во 2023 сме можеле да поминеме подобро. Имено, податоците за лани допрва ќе бидат објавени во некој од наредните месеци. Според најновите проценки на ОН, пред две години светот неправилно отстранил рекордно големо количество на паметни телефони, телевизори и други електронски уреди, што значително придонесе за растот на загадувањето на глобално ...
Астрономите ја идентификуваа најмасивната ѕвездена црна дупка откриена досега во галаксијата Млечен Пат. Оваа црна дупка е забележана во податоците од мисијата Гаја (Gaia) на Европската вселенска агенција, посредно, преку чудното “лелеаво” движење што таа го предизвикува кај придружната ѕвезда што орбитира околу неа. Податоците од телескопот VLT на Европската јужна опсерваторија (ESO) и oд други терестријални опсерватории беа искористени за да ...
Услугата Copilot AI на Microsoft е поставена да работи локално на компјутери. Компанијата, исто така, рече дека за следната генерација на AI компјутерите ќе бидат потребни вградени невронски процесорски единици (NPU) со моќ од преку 40 TOPS (trillion operations per second) – далеку од можностите на кој било кориснички процесор што може да се најде на пазарот. Од Интел изјавиле дека компјутерите со вештачка интелигенција ќе можат да работат ...
На 10 април оваа година, во Парк шумата Гази Баба во Скопје одржана е единаесеттата средба на радиоаматерската „Z3 Портабл Група“, која што беше отворена за сите радиоаматери. Членовите и гостите поставија три портабал кусобранови радиостаници, напојувани со независно батериско напојување, како и антени наменети за работа од издвоени локации. Освен презентирањето на различните концепти на портабли за моторизиран и немоторизиран пристап до ...
Според едно ново истражување, во 30-тите години од минатиот век односот помеѓу радиото и делата на најпознатиот фински композитор Јан Сибелиус,одиграле важна улога во развојот на радиодифузијата, популаризирајќи ја западната класична музика и истовремено обезбедувајќи му на Сибелиус меѓународна слава. Најпознатиот фински композитор на класична, или како што тоа во други времиња се нарекуваше “сериозна” музика, Jан Сибелиус (1865–1957), постепено ...
Кинеската компанија Xpeng создава робот еднорог, опремен со вештачка интелигенција. Првичната идеја е концепт машина за деца која би служела како придружник на четири нозе. Но, во следните подобрувања во Xpeng решиле да го оспособат роботот за да може и тој да помага низ куќата. Па така роботот добил опаш што му служи како „рака“ си која може да фаќа предмети. Овој робот ќе може да разбира и извршува команди, а наводно со опашката ќе може да ...
Сончева треска ја зафати Северна Америка, поточно САД, од чијашто територија денес ќе може да се набљудува затемнување на Сонцето. За сите нас кои се наоѓаме на други места на Земјината топка, НАСА обезбеди пренос во живо, па од комфорот на нашиот дом ќе можеме и ние да го набљудуваме ова “американско” затемнување на Сонцето во сите детали. Дознајте како. Најнапред неколку факти и интересни нешта во врска со ова затемнување. Сенката на ...
CAR-T ги еродира глиобластомите, агресивни и тешко третирани тумори на мозокот, за само неколку дена. Иако ефектот не изгледа дефинитивен. Имуните клетки од новата генерација, добиени со инженеринг, се чини дека се мошне ефикасни во намалување на масата на еден од најстрашните тумори на мозокот – глиобластом. Во две мали, но важни прелиминарни студии, примената на напредна форма на терапија заснована врз употреба на CAR-T клетки (генетски ...
Водните системи во САД сѐ повеќе се цел на кибер напади. Според американската Агенција за заштита на животната средина овие кибер напади, насочени кон американските системи за вода за пиење, се поддржани од Кина и Иран. Отатаму американските држави во трка за солидна надградба на нивните ИТ безбедносни мерки за заштита од идни инфраструктурни напади. Директорот на Агенцијата, Мајкл Реган, и помошникот на претседателот за прашања од национална ...