Амбициозниот третолигаш Илинден му посака добредојде на Кристијан Ристовски, искусен фудбалер кој настапува на позицијата последен играч за врска. 29-годишен Пеле е дете на клубот и потекнува од Општина Илинден. По настапите во неколку второлигашки екипи, повторно се враќа таму каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Во Илинден доаѓа од екипата на БВК Коњаре, носејќи со себе богато искуство, лидерски квалитети и победнички ...

Фудбалскиот клуб Илинден продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Денеска беа промовирани четворица нови фудбалери кои во следната сезона ќе го носат Црвено-црниот дрес на тимот. Давид Ристовски е играч кој доаѓа од екипата на БВК Коњаре и настапува на позицијата офанзивен играч за врска. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој потекнува од фудбалско семејство од Општина Илинден и кој со своите квалитети, карактер и желба за ...