Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска, и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад Македонија присуствуваа на показна вежба изведена од ученици од средното училиште СУГС Владо Тасевски, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без ...
Забавна за момент, кобна за цел живот. Ова за среќа е симулација, но од употребата на пиротехнички средства може да настанат сериозни повреди, како губење екстремитети и изгореници. Само лани на детска хирургија имало хоспитализирано три деца со тешки повреди. Мора да се почне со едукација на децата уште од предучилишна возраст. Годинава МВР запленило 150 илјади парчиња пиротехника, за три пати повеќе од лани. Новата година може да биде ...
Ова е добро од аспект на активноста на Министерството за внатрешни работи, но лошо во однос на количината на вакви средства во употреба. Само овој месец се откриени дополнителни над 30.000 парчиња, што покажува дека засилените акции даваат резултати, рече Тошковски. МВР, додаде, постапува континуирано, преземајќи репресивни, но и превентивни мерки. „Треба да ја зголемиме свеста кај граѓаните дека пиротехниката не е неопходна за добра ...

