Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска ѝ се закани на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со правни мерки поради контроверзниот план на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Воедно, УЕФА го предупреди раководството на светскиот фудбал да не уништува потенцијални докази. Како што јавуваат светските агенции, адвокатите на УЕФА ја известиле ФИФА дека ...

УЕФА се закани со правни дејствија против ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради планот, кој во меѓувреме е отфрлен, за продажба на удели во натпреварувањата организирани од ФИФА на приватни инвеститори. „Би-би-си спорт“ пренесува дека, покрај острата реакција од седиштето на УЕФА во Нион, и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се подготвува да ја повлече својата поддршка за Инфантино преку официјално писмо. Во меѓувреме, ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе ја повлече поддршката за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објавија британските медиуми. Со овој потег, Англија им се придружува на фудбалските сојузи на Велс и Шведска, кои веќе го направија истиот чекор. Според „Скај Спортс“, англиската ФА ќе испрати официјално писмо со кое ќе ја повлече претходната поддршка за неговата кандидатура за нов мандат. Во меѓувреме, УЕФА размислува за правни мерки ...

Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА добива нова димензија. Европската куќа на фудбалот го засили притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побара негова оставка, а според „Телеграф“, подготвена е и формално да иницира гласање за недоверба. Овој потег следува и покрај тоа што Инфантино се откажа од контроверзниот проект за продажба на малцински удел во комерцијалните права на Светското првенство. УЕФА смета дека тоа не е доволно и му ...