Три лица од Скопје се уапсени поради сомнеж дека спроведувале активности на Исламска држава, како и за набавка на оружје. На тројцата им е одреден притвор. „Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикалниот ислам. Се сомничат дека собирале пари од земјава и од странство за пропаганда и активности на Исламската држава“, соопштија од ...
Три лица од Скопје се уапсени во рамки на истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за кои постои сомнеж дека спроведувале активности на Исламската држава, како и за набавка на оружје. На трите лица им е одреден притвор, а осомничени се гонат за кривичната дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. ...

