Претстојниот викенд на 1 и 2 август во Тирана, Албанија, ќе се одржи Балканското првенство во џудо за сениори во машка и женска конкуренција. Македонија кај жените ќе ја претставуваат: -52 кг Анамарија Стојмиловска, -57 кг Азра Заими и -63 кг Ива Богдановска А кај мажите: -60 кг Сергеј Димитриоски, -81 кг Никола Петров, -90 кг Владимир Милчиноск и -100 кг Никола Павловски. Македонските репрезентативци ги предводи селекторот Горан Мицковски, ...

Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Европското првенство во Дивизијата „Б“, кое се одржува во Хрватска. Избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ во натпреварот за пласман од 13 до 16 место го совладаа Исланд со 86-74 и стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и првата четвртина ја загубија со убедливи 9-25. Сепак, во вториот период ...

Македонската џудистка Ива Богдановска се закити со златниот медал на Балканското сениорско првенство во Тирана, Албанија. Нашата џудистка беше најдобра во својата категорија до 63 кг. остварувајќи три победи. Најпрвин ја совлада Ндоџи Десара од Албанија во четвртфиналето (ипон), потоа, во полуфиналната борба триумфираше против Анѓела Самарџиќ од Босна и Херцеговина (1:0). И во финалниот меч Богдановска оствари победа против Ковачи Касандра ...