Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните 3:1 ...

Ракометарите на Вардар остануваат со максимален ефект во Супер лигата, откако во 12-тото коло славеа над Струга на домашен терен со убедливи 36-21. „Црвено-црните“ ја најавија победата уште по првите 30 минути и на паузата заминаа со предност од 16-9. Во вториот дел предноста постојано растеше, па Вардар сосема заслужено има 12 победи на 12 натпревари. 12-тото коло од Супер лигата започна во средата со победа на Охрид над Алкалоид, па сега ...