Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола со видео ја потврди голема вест за битолската публика поврзана со капитенот Филип Кузмановски кој останува во Битола и следната сезона. Кузмановски потпиша продолжување на соработката со матичниот клуб Еурофарм Пелистер иако имаше неколку странски понуди од силни екипи, но се одлучи уштее дна сезона да биде “дома“ меѓу своите, меѓу битолчани. Деновиве Кузмановски беше на позајмица во Кувајт Клуб и ...
Капитенот на „зелено-белите“ и најважната алка во битолскиот клуб, Филип Кузмановски ќе остане дел од Еурофарм Пелистер. По месеци преговарање, конечно падна договор меѓу миленикот на битолчани и раководството на клубот и Фитиљ потпиша нов двегодишен договор. „Капитенот останува со нас“, напишаа од битолскиот клуб на социјалните мрежи. Амбициите на Еурофарм Пелистер остануваат исти, а тоа е напад на шампионската титула и Куп трофејот. ...

