Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство е казнета со 1.400 евра откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашно производство. Според надлежните, во две пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во ...
Агенцијата за храна пред Велигден на Дрисла уништи 40 тони јајца што биле увезени во земјава од Србија, но требало да бидат пласирани на македонскиот пазар како „јајца од македонско потекло“. Во едната пратка беа пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца кои требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски и на таков начин да се загрози конкурентноста на домашното производство. Неозначените ...

