Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот EUSAIR форум, остварил средба со Гилес Гител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), како и раководител на тимот за Инструментот за претпристапна помош (IPA), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија (EUSAIR). -Имавме многу плоден разговор, ...

„Имавме многу плоден разговор, што е продолжение на нашите претходни контакти. Разговаравме за убавините на Преспа, нејзините природни ресурси и извонредниот потенцијал на општина Пустец за одржлив развој“, објави Колефски. Гител изразил желба да ја посети општина Пустец (Мала Преспа) и најавил дека истата ќе ја реализира во текот на јули, со цел да се запознае со туристичкиот, културниот и природниот потенцијал на областа, како и со ...