За увоз на храна и живи животни минатата година Македонија потрошила 1,1 милијарда евра. За пет години увозот на храна е речиси двојно зголемен. Од друга страна, пак, од бројките може да се види дека извозот на храна не го следи истото темпо на раст. Најмногу сме увезувале месо и преработки од месо, за што лани се потрошени 245,6 милиони евра. За увоз на зеленчук и овошје сме потрошиле 179,5 милиони евра, разни производи за исхрана 156,2 ...

Македонија важи за земјоделска земја. Овој епитет постојано ѝ се додава, така се учат генерации ученици, но бројките откриваат дека се повеќе зависиме од увоз на храна. Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година за увозот сме потрошиме 1,1 милијарда евра, што е за 6,1 проценти повеќе отколку во 2024 година. Покрај што увезуваме и извезуваме храна. Вкупниот извоз во 2025 година бил 564 милиони евра, или 3,4 проценти ...