Светот со децении се соочува со маркетинг стратегии за собирање пари од “големи приказни“. Дали се работи за “зелената енергија“ од која изгореа милиони акционери во светот кои не можат да ги повратат вложените пари, дали за “климатското затоплување“ кое ќе се решаваше со електрични автомобили кои по десет години силна пропаганда не се ни 10% од возниот парк а никој не сака да ги купи како половни поради прескапите батерии чија технологија ...
Милијардерот и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс, извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг и Елон Маск во последните години го дадоа истото предвидување: работната недела наскоро ќе се скрати. Автоматизацијата, тврдат тие, ќе ги преземе рутинските задачи, ќе го ослободи времето на вработените и ќе ја турне четиридневната работна недела кон тоа да стане стандард. Гејтс дури ја предложи и идејата ...
Северна Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и зад балканските пазари во однос на подготвеноста на државата за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција. Според AI Preparedness Index (AIPI), индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, Северна Македонија има ...
Според податоците презентирани во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година, изработен од страна на Асоцијацијата за е-трговија, 63,2% од интернет корисниците во земјата купувале онлајн во 2024 година, што ја позиционира Македонија меѓу водечките пазари во регионот по учество на онлајн купувачи, но се уште е под европскиот просек. Ова е силен сигнал за растечка побарувачката, но, извештајот покажува дека растот на е-трговијата ...

