Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови (B40) во Загреб. Самитот се одржува под мотото „Градовите како двигатели на одржливиот развој“ и е посветен на теми поврзани со урбаниот развој и регионалната соработка. Во рамки на Самитот, Проданоски ги претставува приоритетите на Општина Прилеп, со фокус на три области: воведување паметни решенија за подобрување на квалитетот на живот, ...

Прилеп, 26 јануари 2026 (МИА) - Одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги, се темите во фокусот на градоначалниците од регионот на Самитот на мрежата на балкански градови- Б40 што се одржува во Загреб, Република Хрватска. На самитот учествува и прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски. -Денес, со делегација на општина Прилеп, учествувам на Самитот на мрежата на ...