Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс го засили дефанзивниот ред со Дарко Илиески, кој во Кратово стигна од ГФК Охрид. 30-годишниот Дарко Илиески настапува на позицијата централен дефанзивец. Во својата кариера има настапувано за повеќе клубови од домашното првенство, а зад себе има и интернационално искуство во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија. „Станува збор за искусен и сигурен стопер кој со своите лидерски квалитети, цврста ...

Силекс продолжува да го засилува тимот за новата сезона, па промовира уште едно засилување. Најново име во редовите на кратовци е искусниот стопер Дарко Илиески, кој пристигнува од ГФК Охрид. 30-годишниот дефанзивец зад себе има богата кариера во домашниот и странскиот фудбал. Во Македонија настапуваше за Металург, Победа, Тиквеш, Борец, Пелистер, Струга, Шкупи и Охрид, а интернационално искуство стекна во ерменски Ширак, словенечки Копер, ...