Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на 38 километри северно од египетскиот град Суец, 3 часа по полноќ, соопшти египетскиот Национален институт за истражување на астрономија и геофизика. Од Институтот изјавија дека не добиле извештаи за жртви или за материјална штета. Египетскиот министер за здравство, Калед Абдел Гафар, нареди активирање на плановите за итно постапување низ целата земја и упати ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до ...
Силен земјотрес го погоди централниот дел на Италија утрово. Според сеизмолошките податоци, земјотрес со магнитуда од 4,3 степени е регистриран во 10:15 часот по локално време, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил околу 18 километри северозападно од Ливорно и околу девет километри југозападно од Пиза, на длабочина од девет километри. Токму поради релативно плиткиот епицентар, земјотресот бил почувствуван во ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри, во близина на островот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. И покрај силниот потрес, не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според сведоштва на граѓани објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил ...

