Големо невреме со силен дожд, грмотевици и ветер ја зафати Битола околу 20:30 часот вечерва. Силните врнежи кои траеја половина час ги претворија битолските улици во реки. Една од најкритичните е сообраќајницата „Филип Втори Македонски“ на крстосницата со улицата „Јане Сандански“ во центарот на Битола, која целосно е поплавена од водата што се слева од населбата Баир. Сообраќајот се одвива отежнато, а УХМР извести дека во исто време големо ...
Силното невреме кое вечерва ја зафати Битола создаде реки низ битолските улици. Голем дел од коловозите беа поплавени, а на одредени крстосници во центарот на градот се создадоа езера. Ризично беше и пред Безистенот во строгиот центар каде возилата беа до половина во надојдената вода. Реки се слеваа од повисоките делови на Битола кон пониските. Сообраќајот тешко се одвиваше, а дел од битолчани останаа заглавени низ улиците неможејќи да си ...

