БИТОЛА – Нова „казна“ од млекарниците стаса за сточарите, одгледувачи на говеда – откупната цена на млекото е намалена за два денари по литар. Вака во една реченица сточари од Пелагонија ја опишуваат состојбата со откупот на суровото млеко. Падот на откупната цена на млекото се случува во континуитет, поизразено од лани летото, па така ако лани млекото се откупуваше до 33 денари за литар, сега според сточарите таа цена е 29 денари до 24 ...

Млекопроизводителите од Пелагонија алармираат за сериозен пад на откупната цена на суровото млеко, која некои млекарници ја намалија за два денари по литар, а во споредба со лани и до осум денари. Тие велат дека цената сега се движи меѓу 24 и 29 денари за литар, што за нив значи значителни загуби и доведува многу фарми на раб на опстанок. Дополнителен проблем е што субвенциите за 2025 година се уште не им се исплатени во целост, а премиите за ...

Сточари од здружението Пелагониско Поле денеска пред медиумите го искажаа својот револт за задоцнети субвенции. Оствариле средба со министерот за земјоделие во март годинава, но до денеска не им се исплатени парите од 2025 година. Претставници на здружението на сточари „Пелагониско Поле“ упатија јавна критика до министерствозо за земјоделство со информации дека не им биле доделени субвенциите ниту за млекото ниту тие по грло стока за ...