Лино Червар денеска ја имаше првата прозивка и го одржа првиот тренинг како тренер на Еурофарм Пелистер, а повеќе од јасно, лидер на неговиот проект ќе биде долгогодишниот капитен, Филип Кузмановски. Иако размислуваше одредено време, популарниот „Фитиљ“ процени дека новиот проект со Червар е доволно атрактивен за да остане во Битола, па сега негова цел е да го израдува цел град и фановите какошто тоа го правеа во изминатите години. ...

Еурофарм Пелистер под водство на Лино Червар ги започна подготовките за новата сезона, екипата имаше и заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе се реализираат и медицинските тестови. Пред битолчани ќе биде борба за враќање на шампионската титула во домашниот шампионат, борба за Куп титулата, предизвици во Лига Европа, Регионалната лига. Нови засилувања се Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер ...

По подолг период на размислување, капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски, донесе одлука и во новата сезона да го носи зелено-белиот дрес. Македонскиот репрезентативец го продолжи договорот со битолскиот клуб, иако во текот на летото имаше понуди за интернационален ангажман. Искусниот бек повторно ќе соработува со Лино Червар, тренерот под чија палка пред повеќе од десет години ги направи првите сениорски чекори во редовите на Металург. На ...